Ќе се трансформира системот на јавниот превоз во Мелбурн. Бидејќи овој град e со амбиција до 2030 година да го престигне Сиднеј и да стане најголем град во Австралија, денешниот буџет на Викторија е смислен како алат со кој треба да се капитализира растот на државата. Бидејќи во рамки на буџетот многу пари се наменети за трошоци за јавен превоз, патишта, сузбивање на криминал, студенти…
Преглед на буџетот:
Возови
Целосно финансираниот метро тунел во Мелбурн е значаен за проблематиката на јавниот превоз. Лабуристичката влада на Даниел Ендрус се обврза со $2,9 милијарди во текот на следните четири години да финансира проект вреден $10,9 милијарди кој треба да овозможи доаѓање и заминување на поголем број возови од центарот на Мелбурн. Дел од проектот е градба на два тунела долги 9 километри под центарот на градат, пет нови станици на подземната железница, вклучувајќи ги двете поврзани со Flinders Stree и Melbourne Central. Од буџетот ќе се финансираат и останатите клучни инвестиции врзани за возовите:
– Зголемување на услугите во време на најголемите гужви од северноисточните предградија на Мелбурн ќе овозможи унапредување на линијата Hurstbridge вредно $140 милиони со што двојно ќе се зголемат постоечките линии меѓу Heidelberg и Rosanne.
– $ 518 милиони ќе се потрошат за унапредување на постоечките линии меѓу Мелбурн и Ballarat
– $ 875 милиони ќе се издвојат за финансирање 28 возови со висок капацитет за метро тунел
– $ 588 милиони ќе се потрошат за продолжување на линиите South Morang-Merndа, едно од најбрзо растечките подрачја на Викторија
– $ 50 милиони е наменето за унапредување на железничката станица Frankston
Во својот говор при најава на буџетот министерот на финансии Tim Pallas, храбро изјави дека новите трошоци „на патниците кои ја користат железницата на Мелбурн, ќе им овозможат да го земат своето место во еден од најдобрите јавни превози во светот”. Тоа навистина е големо тврдење.
Патишта
Владата има намера да им помогне на жителите на Викторија што помалку време да поминуваат на патиштата како и да се намали сообраќајниот метеж. За таа цел планирани се $ 6.2 милијарди долари. Главниот дел од парите – $1.46 милијарда ќе се потрошат на Western Distributor, вториот премин преку реката која на Мелбурн треба да му понуди алтернативна за секогаш полниот мост West Gate Bridge. Со ова ќе се отворат 5600 работни места и ќе се скрати патувањето од Geelong за 20 минути. Меѓу останатите проекти врзани за патиштата се:
– $ 38.4 милиони за проширување на патот меѓу Hallan Rd и Ormond Rd и South Gippsland Highway
– $ 50.1 милиони за проширување на Dohertys Rd од две на четири сообраќајни ленти меѓу Fitzgerald Rd и Grieve Pde
– До $139.4 милиони за проширување на Plenty Rd во Mill Park.
Ученици
Речиси $ 1 милијарда ќе биде потрошена за градење нови училишта или поправање на дотраените. Владата на Ендрус најави дека дополнителното финансирање е „најголема поеднична инвестиција на владата на Викторија во школската инфраструктура”. Ќе бидат изградени или довршени вкупно 23 училишта, вклучувајќи ги и новите средни училишта Richmond High, Taylors Hill, државното училиште Tarneit West, Prahran High, како и две нови основни училишта во јужен Мелбурн. Владата исто така ќе потроши $92 милиони за градење 10 нови модерни училишта во Ballarat, Banyule, Bendig, Casey, Geelong, Gippsland, Monash, Whittleseа, Wyndham, и пределите во Yarra Ranges.
Ако сте загрижени за здравјето. Одалечените предели на Викторија ќе добијат големо дополнително финансирање во здравствениот сектор, $2.9 милијарди ќе се потрошат на обнова. Над $ 800 милиони ќе бидат потрошени за обнова на болниците Shepparton, Western Footscray и Sunshine. Болницата Austin исто така ќе добие $40.8 милиони за важни инфраструктурни работи. Голема добивка во здравствто за држвата ќе биде и првата болница во Викторија за болести на срцето, но се уште не е дефинирана датата за почеток на градбата.
Jill Hennessy, министерката за здравство во Викторија изјави – „ По четири години грижа и негрижа” владата ќе даде $144 милиони за систем на итна медицинска помош, така што побрзо да може да се даде помош.
Ако сте загрижени поради криминалот
Од буџетот се предвидени $600 милиони за полицијата, вклучувајќи 406 нови полицајци и 52 работници – соработници. Со документот исто така се исполнува ветувањето на владата на Ендрус дека ќе ги спроведат сите 227 препораки на Кралската комисија за семејно насилство кои се инспирирани од трагичната загуба на синот на Рози Бати, момчето Лук старо 11 години кое го уби неговиот татко пред сведоци за време на тренинг на крикет во 2014 година. Од буџетот ќе се потроши над пола милијарда долари за сузбивање семејно насилство, парите се наменети за сместување на бегалци, советници, домови за сместување на жртвите, така што нема да мораат да бираат меѓу губењето кров над главите и врската во која се злоставувани.
Од буџетот ќе се потрошат и $235 милиони за унапредување на супервизија на насилните криминалци од кога ќе излезат од затвор. Дополнителни $84 милиони ќе се потрошат за службите за високо ризични криминалци, вклучувајќи ја градба на нов затвор за најлошите криминалци во државата.
Ако ви е грижа за крајниот резултат на буџетот
Министерот за финансии, буџетот го карактеризира како буџет од кој многу се троши, но тој и понатаму останува фискално одговорен. „Можеме да се потпреме на него за инвестиции кои се потребни заедницата во Викторија да успее. Но исто така со финансиите управуваме на одговорен начин, на крај на краевите целтата е да се заврши работата” – рече Pallas
Буџетот предвидува вишок од $2.9 милијарди во 2016/2017 и $9.2 милијарди вишок во следните четири години.
Ако се грижите за грижата за децата
Од буџетот се планира да се потрошат $10 милиони за градба на нови простори за учење во деловите со зголемен раст.