Еве какви се мерки преземаат Македонија и околните балканските држави за справување со коронавирусот. Ова е краток список на објавените мерки по држава:
Македонија – кризна состојба во Дебар и Центар Жупа
затворање за посетители на сите продавници во молови во државата, освен супермаркети, продавници за храна, аптеки и банки
целосна забрана на работењето на кафетерии, барови, клубови, казина и спортските обложувалници, сите угостителски објекти кои вршат подготовка и продажба на храна можат да работат, без посета на потрошувачи (гости) и да остваруваат продажба на алтернативен начин (преку онлајн нарачки, телефонски нарачки и сл.) и да вршат достава или да овозможат самостојно подигнување на нарачката надвор од угостителскиот објект
затворање на сите копнени гранични премини во државата, освен Табановце, Деве Баир, Ќафасан, Богородица, Блаце и Скопскиот аеродром
мобилизација на сиот здравствен персонал од јавните здравствени установи и приватните болници и нивно ставање на располагање таму каде што ќе има потреба; прегледите на хронично болните се одложуваат, а ќе се постапува само по итни случаи
забрана за влез во државата на странски државјани и од земјите со среден ризик согласно листата на СЗО
јавните и државни институции да се ориентираат (каде што може) преку работа од дома, без да се наруши редовното и нормалното функционирање на институцијата
прогласена кризна состојба во општините Дебар и Центар Жупа; строго забранет влез/излез на сите граѓани затекнати на тоа подрачје
контрола на влезовите и протокот на патници во општините Кривогаштани, Долнени, особено од општината Пласница
ангажирање на Армијата за поддршка,
граѓаните ќе добиваат СМС пораки на своите телефони и на тој начин ќе бидат информирани за развојот на настаните поврзан со коронавирусот.

Бугарија – прогласена вонредна состојба
20 милиони австралиски долари дополнителни средства за медицински персонал
заболените граѓани да не одат во болница, да користат телефонски линии
мерка за ублажување на штетата направена врз бизнисите овој месец
вработените да бидат ослободени или работа од дома, државата ќе субвенционира 60% од плата и ќе ги ослободи компаниите од трошоци за осигурување на вработените
засилена контрола на границите и пополнување на анкети
затворени се обложувалници, коцкарници, дискотеки, барови, ресторани, кафулиња, трговски центри, молови – работат банките и аптеките, а рестораните може само да испорачуваат храна
прекин на настава
забрана за масовни собири

Србија – прогласена вонредна состојба
ограничена висината на цените на основните намирници, заштитната опрема и средствата за дезинфекција
забранети јавни собири во затворени простории над 50 лица
препорака, лица над 65 години да не излегуваат надвор
затворање на градинки, училишта и факултети
кафе баровите и рестораните ќе работата до 20 часот
Албанија
забрана за сите летови кои доаѓаат од северните делови на Италија
училиштата се затворени следните две недели
забрана за јавни собири
секое лице кое влегува во Албанија се става во карантин
непочитување на мерките се казнуваат
пензионираните лекари да се вратат на работа
блокирање на дел од патиштата
затворање на дел од градовите
сите кои сакаат да се вратат во Албанија, треба да добијат потврда
БиХ
забрана за работа на угостителските објекти до 23-ти март, освен прехранбените продавници и аптеките
ограничување на бројот на лица во затворени објекти
во општините намален обемот на работа
14 дена самоизолација за сите лица кои доаѓаат во државата
иселување на студентските домови.
Косово – прогласена вонредна состојба
дистрибуција на материјали до сите медицински центри
министерство за внатрешни обезбедување на евентуална потреба од сместување на заразени лица
влезовите и излезите од Косово ги контролираат медицински лица
затворање на границите за странски државјани
засилени контроли на терен
јавните и приватните претпријатија како и медиумите да ја вршат работата со одговорност и етика
граѓаните да ги почитуваат препораките на надлежните институции.

Грција – затворена граница кон Македонија
до крајот на март затворени се трговските центри, кафулињата, баровите, ноќните клубови, сите угостителски објекти, библиотеките, музеите и археолошките локалитети, спортските објекти, салоните за убавина, студијата за тетовирање, казината и обложувалниците, кината и театрите, луна паркови, борделите
затворените градинки, училишта, универзитети,
забраната за големи собири, откажани концерти и спортски натпревари
населението да остане по дома,
регуларно работат супермаркетите, продавниците за храна, достава на храна (delivery) и храна за носење (take away), пазарите, пекарниците и слаткарниците, аптеките, хотелите, банките (со максимум пет лица во ред во секоја филијала),
затворена границата кон Македонија и Албанија (кон Турција и онака е затворена поради мигрантите), а кон Бугарија се уште не зашто правилат на Еу не дозволуваат.
оние кои не припаѓаат на ранливите групи и имаат лесни симптоми на коронавирусот да не ги посетуваат државните болници за да се тестираат, да се јават кај матичните лекари,
За 4 дена во Грција биле уапсени 127 лица поради прекршувања на превентивните мерки за спречување на ширењето на коронавирусот. Најголем број од прекршувањата – 48, се во и околу Атина. Уапсените лица од цела Грција не ги почитувале забраните што се однесуваат на затворање на фризерски салони, кафулиња, ресторани, таверни, фурни, слаткарници и сл.