Бугарија објави дека има доволно биткоини за да исплати петтина од својот долг

Во една антикорупциска операција во Бугарија беа запленети стотици илјади биткоини. Тие во моментов се вредни 3.6 милијади американски долари, што е доволно да се исплати една петтина од националниот долг на земјата кој изнесува 16.5 милијарди долари.

Можеби се сеќавате на веста од мај за големата цариснка измама што ја откри бугарската полиција кога разби организирана шема за грабеж во нивната Царина, при што десетици луѓе беа уапсени вклучувајќи и еден Македонец. Мозокот на операцијата бил толку итар што со години ја одржувал шемата а незаконски стекнатото богатсво го чувал во биткоини. Кога во мај организацијата беше откриена, бугарската полиција заплени 213.519 биткоини, во тоа време вредни 500 милиони американски долари. Тие биткоини сега вредат неверојатни 3,6 милијарди американски долари – сума доволна да се исплати 20% од вкупниот државен долг на Бугарија. Ако продолжи ваквиот раст на криптовалутите, тогаш Бугарите веќе на крајот од следната година би можеле со запленетиот број битокиони да го покријат целиот свој државен долг кон странство.
Во операцијата која бугарската полиција ја заклучи во мај, била спроведена истрага на „над 100 домашни и бизнис адреси, осомничени и возила”. Групата за организиран криминал била составена од бугарски државјани со врски во Македонија, Грција, Романија и Србија. Од уапсените 23 осомничени, петмина се бугарски царински службеници. Полицијата запленила „опрема, уреди за комуникација, компјутери, таблети и банкарски документи”.
Според извештајот на бугарската полиција, групата регрутирала корумпирани цариници во сите вмешани земји со цел да се инфилтрира вирус во царинските компјутерски системи. Откако вирусот бил инсталиран, криминалците можеле да менуваат податоци, па во царинскиот систем изгледало дека товарот бил веќе проверен и пропуштен.
Криминалците го избрале биткоинот за средство за инвестирање/чување пари, поради комплицираноста за негово следење”.
Највредната светска криптовалута – биткоинот – минатата недела го достигна врвот на својата вредност од 18.000 американски долари. Вкупната вредност на сите биткоини во оптек веќе ја надмина годишната вредност на цели државни економии, како на пример на Португалија па дури и Катар.

Останати вести