Бурна седница со пратенички прашања во Собранието на РМ

Имаме тефлонски политичари: се гаѓаа со тешки зборови, а ништо не им се “залепи”. 

“Вие сте предавници, слепци, безрбетници кои го продадоа името за материјална корист, од Македонија направивте ГМО-новороденче”, но и “коцкари и поранешни фукционери кои ја опсутошија и опљачкаа Македонија”… Ова беше речникот кој преовладуваше на собраниската седница за пратнеички прашања во вторникот. Најголем дел од нив се однесуваа на постигнатата спогодба со Грција.
Договорот ќе донесе благосостојба за сите Македонци, посебно во Грција
– Убеден сум дека Договорот за името ќе донесе благосостојба за сите што се чувствуваат Македонци, посебно во Грција заради тоа што тие и досега немале никакви придобивки, рече премиерот Зоран Заев во одговор на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Зоран Илиоски и содржината на член 4 став 3 од Договорот за името со Грција.
– Од самостојноста наваму Македонија и досега не се мешала во внатрешните работи на соседите за заштита на своето национално малацинство. Порано имаше и ветувања на адвокати за враќање на имотите, но ниту една држава не може тоа да го направи бидејќи е недозволиво со меѓународните договори. Но, секако водењето грижа за својата дијаспора ќе биде членот којшто апсолутно ќе биде променет. Во најмала рака онака како што Грција води грижа за својата дијапсора, така и ние. Ќе направиме унифицираност заради тоа што сакаме да градиме пријателство и заради тоа што нашата тенденција е да бидеме полнопранва членка на ЕУ, рече Заев.
Појаснувајќи му ги на Илиоски причините зошто го променил ставот дека нема да се менува уставното име на државата Заев рече дека направил компромис во име на крупните одлуки за членството во НАТО и ЕУ како стратешките цели на државата.
Заев, меѓу останатото, нагласи дека е добро да се отвора дебата за суштинските делови од Договорот, со што граѓаните би го разбрале подобро за изјаснување на референдумот.
Мекици за ГМО-новороденчето “Северна…”
Пратеничката Лилјана Затуроска од ВМРО-ДПМНЕ, пак, од Заев побара да донесе мекици за да почасти за, како што рече, генетски модифицираното новороденче што го добил, мислејки на новото име на државата. Таа не му постави прашање на премиерот со образложение дека тој е нелигитмен премир на Република Макеоднија бидејки прифатил да биде премиер на држава со друго име.
– Сите премиери на држави, вклучувајќи го и нашиот премиер, пред да седне на премиерското столче пред Уставот на Република Македонија и пред цела македонска јавност положи заклетва и се заколна дека совесно, чесно и одговорно ќе ја извршува функцијата претседател на владата и дека нема да дозволи загрозување на македонскиот идентитет, јазик и култура, истакна Затуроска
Таа потсети на некои од изјавите на премиерот Заев во кои изјавува дека нема да го прекршува Уставот и каде вика дека ниту би ја предал ниту би тргувал со Македонија и потсети на изјавата на Зоран Заев каде тој вика дека патриотизмот не му прилега на СДСМ.
– Вие бевте истиот Заев кој ветуваше, убедуваше и се колнеше во најмилото дека нема да се менува Уставот, нема да му се наштети на идентитетот, на јазикот, дека името ќе се реши на начин кој нема да предизвика ниту за грам болка на ниту еден Македонец, а за вашите црвени линии одговоривте националното име, идентитет и националната жичка никој не смее да ја гибне, рече таа.
Затуроска посочи дека од Македонија земја со повеќе вековна историја, богата културна ризница, традиција со свои обичаи и адети, свој македонски јазик, Заев сега создаде генетски модифицирано новороденче кое е вештачка твореба и кои ниту има корени ниту има идентитет полно со сите вбризгани отрови на овој свет кои ќе донесат раздор во националното ткиво, меѓусебна омраза.
Државјанството за сите ќе биде “македонско/државјанин на Северна Македонија”
Пратеникот Фадиљ Зендели од Движењето БЕСА побара одговор од премиерот за тоа како ќе се викаат Албанците во пасошите откако беше потпишан Договорот со Грција. Заев одговори дека поради мултиетничноста на државата ќе пишува “Македонско / граѓанин на Република Северна Македонија” ако, секако, се промени Уставот, односно ако тоа го дозволат граѓаните на референдум.
– Тоа е направено зашто Македонија е мултиетничка земја во која, покрај доминантното македонско население се и албанското, труското, српското, влашкото, бошњачкото, ромското,… и другите помали етнички заедници. Подолг период во делот државјанство во личните документи како пасошот, стоеше само “Република Македонија”, а последните неколку години стои „македонско”., нагласи Заев.
Според Зендели ова ќе било враќање назад за албанските барања.
Заев на опозицијата и одговораше и за датумот за преговори што Македонија го добила од Европската унија за јули 2019, коментирајки дека тој е реален имајќи ги предвид тајминзите за референдумот и европските избори.
Заев на пратеничко прашање за ИВЗ најави и дека во пет верски заедници во Македонија, меѓу кои и најголемите, ќе бидат направени контроли за нивната работа.

Останати вести