Бурни реакции после гестот на австралискиот прајминистер и давањето пари на питач

Гестот на прајминистерот Малком Трунбул предизвика бурни реакции во јавноста кога се ракуваше со питач, а потоа му даде и сума од пет долари. Гестот на прајминистерот набргу стана тема кај локалните медиуми, кои го критикуваа, но и го фалеа за оваа постапка.

Покрај тоа што го критикуваа дека е „скржав”, бидејќи како исклучително богат човек дал мала сума на пари, поединечни функционери го критикуваа поради тоа што воопшто се осудил да дава пари на некој што проси.
„Со давањето пари на питачи го потикнувате купувањето на дрога и ја поддржувате сиромаштијата како начин на живот. Наместо ова, треба да ги донирате парите во хуманитарни организации”, порача градоначалникот на Мелбурн Робер Дојл. Овој гест на прајминистерот многу критичари го карактеризираа и како „циничен акт на хуманост пред камерите”.
Премиерот, сепак доби големи пофалби на социјалните мрежи со парола: „Вие гледате човек кој дал малку, јас гледам човек кој помогнал”. Премиерот Турнбул за оваа своја реакција коментираше дека едноставно му било жал за човекот и сакал да му помогне. „Тоа беше нормална човечка реакција и навистина ми е жал доколку некој повредив со ова”, изјави тој.

Останати вести