Жена во своите седумдесетти години спиела покрај трупот на нејзиниот брат во куќа во предградие на Џилонг, западно од Мелбурн. Просечната цена на куќа во населбата Њутаун моментално е 1,1 милион долари. На 29 декември 2022 година, полицијата отишла да ја провери состојбата на нејзиниот брат, но кога пристигнала во куќата наишла на застрашувачка сцена – машки труп и куќа полна со стаорци и ѓубре.
За да стигнат до телото, форензичарите морале да поминат низ ѓубрето кое било од подот до таванот, стаорци, мртви опосуми и човечки измет. Властите проценуваат дека жената спиела покрај трупот меѓу две и пет години.
Соседите се жалеле до локалните власти за смрдеата која со години доаѓала од куќата, но ништо не било преземено. Полицијата соопшти дека соседите мислеле дека непријатниот мирис доаѓа од ѓубрето и дека смрдеата на ѓубрето веројатно го маскирала мирисот на тело во распаѓање.
„Имаше постојана смрдеа, но мислевме дека е ѓубре. Ролетните секогаш беа спуштени. Настрешницата беше полна со ѓубре. Секаде можеше да се видат стаорци. Беше одвратно”, велат од полицијата.
Власите всушност дошле да проверат во каква состојба е братот кој никој не го видел од 2018 година, а потоа при претресот го пронашла неговото тело. Постарата жена подоцна била ослободена без обвинение бидејќи старада од ментално нарушување. Судскиот лекар сè уште ја истражува причината за смртта на мажот.