Кампањата на СДСМ и коалиционите партнери на парламентарните избори ќе биде под слоганот „Mожеме”, а во секоја изборна единица носители на листи ќе бидат машко-женски тандеми.
Директорката на Клиниката за кожни болести во Скопје, Нина Цаца Билјановска, се заразила со коронавирусот додека била на двонеделно скијање во Алта Бадиа (Италија).
Министерството за здравство потврди уште два нови случаја на заразени со коронавирус. Се работи за постар брачен пар од Центар Жупа (Дебарско), кои се заразиле при престој во Италија.
Со експлозивна направа е предизвикан пожар во помошна просторија од семејна куќа на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кичево.
Возачот го слушнал возот, ама си рекол “море ќе поминам”!?
Возот кој се обраќал на релација Велес – Градско удрил во задниот дел на автомобил-такси, при што загина 23-годишно момче од велешкото село Ногаевци а тројца други патници и возачот се поврдени.
Епизодата со недостигот на пасоши во Министерството за внатрешни работи нема да заврши на 24 март, за кога се очекува компанијата „Веридос” (која 40 проценти е во сопственост на германската држава) да ѝ испорача на Македонија 100.000 обрасци за патни исправи.
Со победа на ВМРО-ДПМНЕ ќе видите нов градежен бум, односно 2 милијарди евра инвестиции во патишта или половина милијарда евра вложувања за секоја година од мандатот – рече претседателот на партијата, Христијан Мицкоски.
Актерката Силвија Стојановска останува во притвор. Судот одлучи таа да остане во домашен притвор до 16 февруари, кога повторно ќе се одлучува за мерката.
На дневен ред на собраниската Комисија за надзор над мерките на следење на комуникациите дојде првиот извештај на новата Оперативно-техничка агенција (ОТА), како дел од реформите во безбедносно-разузнавачкиот сектор, согласно со препораките на Прибе.
Во Кривичниот суд во Скопје тече судењето на Ангела Ѓорѓиевска, соучесник во убиството на Пинета (Пино) Секондо чии остатоци лани беа најдени кај скопското село Љуботен. Убиството го извршил Фуркан Али, кој е во бегство, а Пино со месеци се водеше како исчезнат.
Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ одржа прес-конференција веднаш по распишувањето на изборите
Претседателот на Собранието Талат Џафери на 16 февруари (во неделата) доцна вечерта брзо-брзо ги распиша изборите поради временските рокови, за да може предвремените парламентарни избори да се одржат на договорениот термин на 12-ти април.
По недобивањето датум за преговори со ЕУ, дел од Преспанскиот договор веќе не важи. Според член 1 став 10 од овој Договор, во случај на непочнување преговори за кое било од поглавјата за членство во ЕУ, употребата на новото име за внатрешна употреба треба да се стопира.
Македонската Влада одлучи да го плати патувањето на петчлената екипа што го направи филмот “Медена земја”, вклучително и главната протагонистка Атиџе Муратова, на доделувањето на 92-те “Оскари” во Лос Анџелес. Градоначалникот, пак, на Општина Лозово најави дека ќе ја вработи Атиџе, а на нејзината куќа во селото Дорфулија ќе постави сончеви колектори со што за прв пат ќе има струја!?
Преку стотина маски и илјадници гости од Македонија и од странство дојдоа на традиционалниот Вевчански карневал.
Со искачувањето на врвот „Винсон” на Антарктикот на 27 декември 2019 година, Илина Арсова стана првата жена од Македонија која ги искачила највисоките врвови на сите седум континенти.
Европската комисија работи на план чија крајна цел е почеток на преговори за членство со Македонија и со Албанија во март следната година.
Премиерот Зоран Заев смета дека нема потреба да се прави ветинг во правосудството како во Албанија, туку само да се прочистат, како што кажа, малкумина нечесни судии и обвинители за кои има индиции за сериозни незаконски или ненавремени постапувања.