developer | 12.09.2019

Се редат лица на распит, само Боки Тредичи не го викаат

Лила Филиповска, Силјан Мицевски и Ардијан Азмоски деновиве беа на распит кај Рускоска за „Рекет”.

developer | 12.09.2019

Слушавме како Боки на Камчев му гарантира што пресуда ќе донесе Врховен суд – како бил сигурен?

Дали треба да се испита работењето на одредени судии откако истрагата за случајот „Рекет” се прошири на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, која заврши во притвор како третоосомничена?

developer | 27.08.2019

Дали Адријан Амзоски платил 260.000 евра на Боки13 за Јанева да му повлече обвинителен акт?

СЈО нема повеќе кредибилитет. Нема кредибилитет ниту Катица Јанева, ниту некој од обвинителите кои постапувале по нејзините насоки и молчеле за целиот криминалот кој што се случува, ниту пак истражителите и останатите вработени. Сите се дел од криминална мрежа, обвини Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

developer | 27.08.2019

Јанева беше скоро четири часа на распит за „Рекет“: Не чувствувам вина, се надевам дека ќе има судење, па сè да се расчисти

По повеќе од четири часа распит, специјалната јавна обвинителка Катица Јанева со насмевка излезе од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, каде што даваше исказ за истрагата „Рекет”. Јанева потврди дека во обвинителството била повикана во својство на сведок.

developer | 27.08.2019

Приведен поранешниот в.д. директор на Централен регистар

Поранешниот в.д. директор на Централниот регистар, Андреа Поповски, е уапсен и приведен во полиција. Обвинителството го сомничи дека сомнеж дека ги злоупотребил службената положба и овластувањата односно вработил сопартијка која дури не доаѓала на работа а добивала плата.

developer | 27.08.2019

ТВ“Алфа“: Пратеникот Адеми дефинитивно пукал на свадбата каде беше ранет неговиот син

Дали тетовското обвинителство го штити пратеникот на ДУИ, Џеват Адеми, чие име медиумите го споменуваа, односно посочија дека тој пукал на свадба пред две седмици каде бил ранет неговиот син и уште едно лице? “Алфа” телевизија дојде до копија од полицискиот записник во кој еден сведок, кој бил присутен на свадбата на 30 јули, пратеникот Адеми и негов братучед се посочени дека пукале на веселбата.

developer | 22.08.2019

Хронологијата на настаните во „Империја“ и „Рекет“

Снимката која прво ја објави сајтот на италијанскиот весник „Ла Верита” – како осомничените во „Рекет”, Бојан Јовановски-Боки 13 и Зоран Милески-Кичеец излегуваат со торба „Луј Витон” од домот на бизнисменот Орце Камчев – не беше само обично продолжение на низата официјални и неофицијални информации кои изминатиот период ја брануваа јавноста.

developer | 22.08.2019

Пендаровски: Очекувам брза разрешница, нема правна држава ако се гонат само криминалци од претходната власт

Претседателот на државата Стево Пендаровски излезе пред јавноста со своите размислувања во однос на случајот „Рекет”. Според него, ова е огромна криминална афера која ги тресе темелите на важни државни институции и ја доведува во прашање довербата на граѓаните во нас политичарите и во сопствената држава.

developer | 22.08.2019

Сеад Кочан однесен во „Идризово“

Бизнисменот Сеад Кочан, осуден на 4.8 години затвор во случајот “Труст”, е спроведен на отслуживање на казната во “Идризово”. Како што соопштија од МВР, во четвртокот доцна вечерта Кривичниот суд издал наредба за полициско спроведување на Кочан бидејќи самостојно не се појавил во затворот.

developer | 22.08.2019

Во Шипковица: Мечка ги откопува гробовите, ги јаде покојниците

Вистински хорор на локалните гробишта дочекале жителите на селото Шипковица, на падините на Шара. Деновиве нашле отворени гробови и човечки остатоци расфрлани низ гробиштата, а според очевидец, штетата ја предизвикува мечка, којашто ги откопува и ги јаде остатоците од скоро починатите и закопани селани.

developer | 12.08.2019

Слободно кажувајте си Македонија, тоа не е спротивно на Преспанскиот договор!

Деца, ајде за почеток сосема кус вовед во синтакса. Да видиме што вели науката.

developer | 12.08.2019

Заев на мечкин камен: Сите сме деца на Илинден, во секој од нас има по еден партизан и еден комита!

ХЕРОИТЕ ОД НАШАТА ХИМНА: ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ, ПИТУ ГУЛИ, ДАМЕ ГРУЕВ И САНДАНСКИ ИМ СЕ ЗАЕДНИЧКИ НА ИЛИНДЕНЦИТЕ ОД 1903 И ОД 1944

developer | 06.08.2019

Што се брише во Специјалното обвинителство?

Се уште трае и вештачењето на вториот мобилен телефон на Јанева, кој беше пронајден кај девојката на нејзиниот син, иако синот на обвинителката тврдел дека мобилниот апарат бил “изгубен во Белград”.

developer | 06.08.2019

За време на концертот на Цеца пронајдена бомба во центарот на Прилеп

На 19 јуни во угостителскиот објект, кафе-барот „Кафе ин” во строгиот центар на Прилеп по вторпат за кусо време е пронајдена рачна бомба. Овојпат, според полицијата, бомбата немала експлозивно полнење.

developer | 06.08.2019

Јанева излезе пред јавноста: Не само Бојан Јовановски, туку и други го злоупотребиле моето име!

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, по десетина дена молк и криење од јавноста, во вторникот се појави во седиштето на СЈО каде прочита изјава:
– Дозволете прво да ви се извинам што оставив простор и не се појавив во јавноста. Не ми беше лесно да го следам јавниот линч. Но не сакав да дадам повод со моето излегување во јавноста да дадам повод дека на било кој начин влијаам на истрагата.

developer | 06.08.2019

Героски тврди: „Мозокот“ на изнудата е Катица!?

Познатиот новинар Бранко Героски тврди дека зад изнудата од Орце Камчев стои лично и персонално Катица Јанева!? А вмешана била и обвинителката Лиле Стефанова, која е директно задолжена за случајот “Империја”.

developer | 06.08.2019

Неофицијално Боки 13 изрекетирал повеќе бизнисмени за сума од над 5 милиона евра!

Рекетот на групата со Боки 13 не бил само кај бизнисменот Јордан Камчев, кој случајот го пријавил во полиција – објави „Економски Лидер” повикувајќи се на извори во истрагата.

Јавниот обвинител Љубомир Јовески и обвинителката за организиран криминал Вилма Рускоска на прес-конференција
developer | 06.08.2019

Боки 13 изнудил 1.5 милион евра од Орце Камчев за да „му среди” кај Катица Јанева

Боки 13 прво побарал 8 милиона евра за да запре кривичната постапка против Орце Камчев, ама успеал да земе “само” 1.5 милион. Со парите си купувал облека и плаќал одмори. Неговите банкарски сметки се блокирани поради постар долг, па тој последниве години живее раскошно исклучиво со кеш. Mалку е веројатно дека истрагата за “Рекет” ќе заврши само на двајцата уапсени. Од она што до сега го обелодени обвинителката Рускоска, се насетува дека во центарот на вниманието во случајот ќе биде Катица Јанева.