developer | 23.11.2015

Скопје ќе потроши милиони евра за нови фасади, за почист воздух пари нема

Околу $ 108 милиона ќе биде буџетот на Град Скопје за 2016 година. Од нив најмногу пари ќе се трошат за изградба и за проширување на улици, за нови кружни текови, како и за проектите од „Скопје 2014″. 

developer | 16.11.2015

Во црквата „Свети Ѓорѓи“ во Струга пронајденa фреска од 13 век

Фрагмент на фреска од свети Ѓорѓи во истоимената црква во Струга го потврдува податокот дека ова е најстар христијански верски објект во Струга, кој датира од средината на 13 век. 

developer | 16.11.2015

На Билазора досега пронајдени над 1,000 артефакти

Археолошкиот локалитет Билазора, кој се наоѓа кај село Кнежје (Светиниколско) го посети министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска на која и беа презентирани резултатите од годинешните истражувања.

developer | 16.11.2015

Полицијата барала тројца терористи, пронашла само мобилки

Продолжува истрагата по јатаците во Дива населба

Во кумановското село Отља и во селото Арачиново македонската полицијата извршила претреси кај лица осомничени за извршување на кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и на безбедноста. 

developer | 12.11.2015

Ќе се проширува прифатниот центар за бегалците во Гевгелија

Во пресрет на зимскиот период Општина Гевгелија ќе зголемува капацитетите во прифатниот центар за мигранти на јужната граница, со цел успешно да се справи со предизвиците од бегалската криза, да се задоволат потребите на мигрантите и да се ублажат последиците од кризата врз нормалниот живот во општината. 

developer | 12.11.2015

Ако нема договор следните денови, нема избори во април, ама има санкции за политичката гарнитура

Доколку во наредните 2-3 дена партиите не се договорат, Договорот од Пржино ќе пропадне, предупреди белгискиот посредник Питер Ван Хауте. Според белгискиот медијатор, клучен услов е Државната изборна комисија да почне да функционира најдоцна за две недели. 

developer | 12.11.2015

Договорот се одржува вештачки во живот, разговорите продолжуваат до крај!

Во саботата се одржа куса полноќна средба на лидерите на четирите партии: ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, на која тие се согласиле разговорите (на работните групи) да продолжат, со цел да се надминат несогласувањата околу обврските од Договорот од Пржино.

developer | 03.11.2015

Во „Молња“ уапсени седум соработници на групите од Дива населба и Гошинце

Македонската полиција спроведе опсежна акција наречена „Молња”, со цел да ја открие целокупната мрежа на соработници и помагачи на криминално-терористичката група од кумановската Дива населба, која на 9 и 10 мај годинава се судри со полицијата. Извршени се претреси и апсења, во акцијата биле вклучени специјалните единици како и хеликоптери. 

developer | 03.11.2015

Кај специјалната обвинителка има снимени разговори како е договарана пресудата за “Ровер“!?

Постојат 18 транскрипти со повеќе од 1 час телефонски разговори, во кој се вклучени лица учесници во овој процес со што се доведува во прашање легитимитетот на постапката, изјави адвокатот на обвинетиот Бошкоски, Константин Кратовалиев. 

developer | 03.11.2015

Катица Јанева: Точно е, се пријавуваат лица за заштитени сведоци!

„Евентуалната одлука на Апелацискиот суд дека снимките не можат да бидат користени како доказен материјал, нема да влијае на мојата работа. Јас можам да постапувам по допрен глас и секој збор во тие ‘бомби’ ќе биде предмет на анализа”, вели специјалната обвинителка Катица Јанева. 

developer | 03.11.2015

Мигрантите брзаат да стигнат во ЕУ пред зимата

Околу 15,000 мигранти се наоѓаат “заробени” во калта на балканските земји
Зголемен е бројот на мигранти кои минуваат низ Македонија. Во последниов период дневно низ земјата транзитираат околу 5 илјади луѓе, велат во невладините организации на терен. 

developer | 03.11.2015

Многу сум разочаран, оваа ноќ не беше добар ден за Македонија

Постојаните обиди различно да се чита и да се толкува договореното од 2 јуни и 15 јули ја налага и потребата од постојана странска медијација. Овојпат ниту присуството на еврокомесарот Јоханес Хан не придонесе да се надмине оваа етапа. 

developer | 02.11.2015

„Специјалното обвинителство е политичко, неговото формирање е навреда“

Државниот јавен обвинител Марко Зврлевски обвини дека обвинителството на Јанева е „политичко”, за разлика од државното кое е „независно”!?!? Тој ем ќе го оспори Законот за специјално обвинителство пред Уставниот суд, ем ќе гласа (како член на Советот на јавни обвинители) за поголем број помошници на Јанева – ако подоцна имало потреба. 

developer | 29.10.2015

Разбојник од банка во Ѓорче Петров украл $ 9 илјади евра

Околу $ 9 илјади бил пленот со кој четириесет и тригодишниот А.М. од Скопје во четвртокот се обидел да побегне, откако среде бел ден извршил грабеж во филијалата на Стопанска банка во Ѓорче Петров.

Мартин Кејниг, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и Мето Коловски
developer | 29.10.2015

Успешно промовирана македонската култура во Њујорк

По извонредниот концерт на Дуке Бојаџиев и камерниот оркестар на Македонската филхармонија во престижниот Карнеги Хол, во Македонскиот културен центар во Њујорк беа реализирани настани преку кои повторно успешно беше промовирана македонската култура, информираат од Министерството за култура. 

developer | 29.10.2015

Овации за македонската филхармонија и Дуке Бојаџиев во „Карнеги Хол“

Камерниот оркестар на Македонската филхармонија заедно со солистот Дуке Бојаџиев настапи во престижниот „Карнеги хол” во Њујорк, кој има 125-годишна традиција и во кој редовно настапуваат најголемите музички имиња на денешницата.

developer | 29.10.2015

Во филмот ни се случи бум, но потребни се и серии

„Сведок” е насловот на новиот филм на режисерот и сценарист Митко Панов. Неговиот филм побудува интерес не само затоа што Панов важи за еден од најнаградуваните режисери, туку затоа што филмот има актуелна тема, типична за балканските простори.

developer | 29.10.2015

Минатата седмица низ Македонија минуваа до 9 илјади бегалци дневно!

Врие во прифатниот камп за бегалци и мигранти во Гевгелија. И покрај дождливите денови и ноќи, долги колони пристигаат на македонско-грчката граница, при што во големи групи се пропуштаат до транзитниот центар во интервали од 15 минути. Официјална бројка нема, бидејќи македонската полиција не успева да ги регистрира сите. Но волонтерите од кампот велат дека дневно минуваат и до 9 илјади мигранти!