ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ сфатија дека имаат “зелено светло” од еврокомесарот Хан да одат на избори на 24 април. За да се фатат роковите и да се стави СДСМ пред свршен чин, брзо се организираше смена на премиерската позиција на 95 дена пред изборите.
Европската унија постепено се подготвува да ги затвори своите граници за бегалците од кризните региони. Тивката политичка одлука на ЕУ веќе започна директно да им се пренесува не само на земјите членки на ЕУ, туку и на земјите од Балканот, кои имаат аспирации да се дел од Унијата, меѓу нив Македонија, Косово и Србија.
Граѓаните им ја дале довербата на политичките партии не за да бидат нивни заложници туку да работат во интерес на државата, пишува во соопштението за јавноста на претседателот Ѓорге Иванов, во кое меѓу другото стои.
Почетокот на теренскиот дел на проектот „Археолошки катастар” и неочекуваните археолошки откритија кои го проследија се прво од петте најзначајни достигнувања во археологијата и заштитата на културното наследство во земјава во минатата година, според археологот Виктор Лилчиќ, директор на Управата за заштита на културното наследство.
Во бигорскиот манастир „Св. Јован Крстител” 12 црковни ѕвона го најавија Христовото раѓање на 7 јануари. Засега ова е единствениот црковен објект во Македонија и еден од ретките на Балканот, каде што овој ѕвон ќе ѕвони по урнекот на руските православни цркви, што до скоро не можеше да се слушне во земјата
Апелацискиот суд во Скопје ја потврди првостепената пресуда за случајот „Фаланга 2″, со која шеснаесет обвинети, меѓу кои и поранешниот директор на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман, се осудени на затворски и условни казни.
Италија го протерала кумановецот Реџеп Лимани (49), кој таму што живеел 18 години, поради поддршка и поврзаност со доктрината на терористичката ИСИЛ, јавуваат тамошните медиуми.
Во обраќање до граѓаните на Република Македонија, актуелниот премиер Никола Груевски најави дека до претеседателот на Собранието испратил писмо со оставка која ќе биде ефективно на сто дена пред изборите.
Неизвесно е преку какви активности ќе се бара излезот од ќорсокакот во кој одамна е влезен Договорот од Пржино, а од петокот и неформално запечатен со неизвесноста дали и кога ќе се одржат избори.
Македонија и официјално ја испрати кандидатурата за местото генерален секретар на Oбединетите нации. Претседателот на собранието на светската организација и советот за безбедност го добиле писмото со името на номинираниот диплмат, Срѓан Керим.
Папата Францис се очекува да дојде во Скопје во септември годинава. Поводот за неговата посета е прогласувањето на Мајка Тереза за светица.
Завршната годишна археолошка изложба по деветти пат е поставена во Археолошкиот музеј во Скопје. Се работи за поставка која ги вклучува најинтересните наоди од годината што изминала, а овојпат таа вклучува вредни артефакти од 11 археолошки локалитети, некои познати во научната сфера, а некои за првпат откриени изминатава година.
По повод 70-годишнината од основањето и за успешното презентирање, промовирање и негување на македонското и светското театарско творештво, претседателот Ѓорге Иванов на Македонскиот народен театар му додели признание „Орден за заслуги за Македонија”.
Со мјузиклот „Чикаго” во МНТ повторно се покажа дека ако вистинските луѓе ги добијат вистинските задачи, резултатот ќе биде спектакл
Само во најбогатите земји од Европската унија во моментов живеат повеќе од 200,000 Македонци, што дополнително со остатокот од Европа, но и од прекуокеанските земји создава страотна бројка дека од земјата се иселиле четвртина од вкупното население
По барање од Македонија, унгарската Влада испрати 31 полицаец на македонско-грчката граница, како помош на македонските полициски сили кои со месеци се справуваат со бегалската криза.
„Ова е само мал дел од сe што поседуваме.” Оваа искажана реченица од првиот човек на СДСМ Зоран Заев на прес-конференција на 9 февруари пред 11 месеци, на која беше и објавена првата од неговите 38 т.н. бомби, го означи почетокот на една долга и длабока политичка криза. Невидена досега од осамостојувањето на Македонија, и со најсилна и најдиректна интервенција на меѓународната заедница во нејзините внатрешните работи, за овие 25 години.
Во Соборниот храм „Свети Климент Охридски” во Скопје по повод големиот христијански празник Рождество Христово – Божик се одржа архиерејска Златоустова литургија со која чиноначалствуваше поглаварот на Македонската православна црква-Охридска Архиепископија, г.г. Стефан.