developer | 25.03.2021

Лапорта повторно избран на чело на Барселона, на крајот од сезоната носи нови засилувања

Жоан Лапорта е избран за нов претседател на Барселона откако со огромна предност победи пред Виктор Фонт и Тони Фреиша, добивајќи ја довербата од најблиските луѓе во клубот кои веруваат дека најуспешниот претседател во историјата ќе може да ја врати каталонската гордост на вистинскиот пат.

developer | 25.03.2021

Македонија со проверени сили во битка за СП 2022, ќе игра и Велковски

Фудбалската репрезентација на Македонија ќе има активности во месец март и стартува со квалификациите за Светското првенство (СП) кое се игра во 2022 година, а селекторот Игор Ангеловски нема да менува премногу и со проверени сили ќе тргне во битката за Мундијалот.

developer | 25.03.2021

„КОМИТИ“: ФИФА ја тргна забраната за трансфери на Вардар

Навивачите на Вардар, „Комити” објавија дека ФИФА ја тргнала забраната за трансфери на екипата, која ја доби поради спорот со нивниот поранешен фудбалер Евгениј Новак.

Си посакаа среќа пред натпреварот – Стерјовски и Димовски
developer | 19.03.2021

Победата посветена на покојниот Ел-Хафиане

Национална премиер лига на НЈВ, 1 коло
Рокдаел Илинден – Волонгонг Вулвс 4:0
Со едноминутно молчење сите натпревари од првото коло беа посветени на покојниот поранешен фудбалер на Рокдаел Илинден, Идрис Ел-Хафиане.

developer | 19.03.2021

Рафаел Надал го мачи мистериозна болест

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, со години се бори со ретката Мулер – Вајсова болест, која ги напаѓа коските на стапалата и предизвикува силни болки при движење.

developer | 19.03.2021

Првото финале на Супер Лигата на шампиони ќе се игра во Њујорк!?

И дефинитивно фудбалот во Европа се менува. УЕФА ја прифати идејата од сезоната 2024/25 место класичната Лига на шампиони да има Супер Лига на шампиони, се со цел и натаму под “своја капа” да ги држи најголемите најбогати клубови.

developer | 18.03.2021

Германија ќе ја пречека Македонија во Букурешт во Мундијалските квалификации?

Март е месецот во кој македонската фудбалска репрезентација ја очекуваат три средби во Мундијалските квалификации, две на гости и една дома.

developer | 08.03.2021

Злато за Ивановски на 3.000 метри на атлетската Балканијада во Истанбул

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски, стана нов балкански шампион на 3.000 метри трчање во сала. На Балканското првенство во затворен простор (спортска сала), кое се оддржа во Истанбул, главниот град на Турција, Ивановски освои златен медал.

developer | 08.03.2021

Мурињо прв фаворит за отказ во Премиерлигата

Жозе Мурињо е на прво место според букмејкерите за отказ во Премиерлигата со оглед на очајните резултати кои ги прикажува Тотнем изминатиов период, па така сериозно се разниша столчето на португалскиот фудбалски стратег.

developer | 08.03.2021

Бившата сметководителка на ФФМ бришела докази за криминал!

Поранешната сметководителка на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Олгица Младеновска, која се товари за финансиски криминал од А$4 милиони заедно со екс-првиот човек на куќата на фудбалот Илчо Ѓорѓиоски, уште еден екс-вработен во федерацијата и дузина правни лица бришела докази за криминал, па се соочува до дополнително обвинение откако финансиската полиција доставила посебен извештај.

developer | 20.02.2021

Суарез го надмина Роналдо и постави нов рекорд во Примера

Луис Суарез блескаше во дресот на Атлетико Мадрид, меѓутоа двата негови погодоци не се покажаа како доволно за трите бода во пресметката со Селта Виго која заврши без победник 2:2.

developer | 20.02.2021

ПАНДЕВ: Пензија? Планирам по Евро 2021, но уште се забавувам – ќе видиме!

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев блесна со двата гола за победа на Џенова против неговиот бивш клуб Наполи (2:1), па стана најефикасниот фудбалер од бившојугословенските простори со 97 гола во Калчото. Го мина Мирко Вучиниќ, кој има постигнато 96 гола.

developer | 20.02.2021

Џиџи: Да му помогнеме сите заедно на овој Вардар!

Поранешниот селектор на Македонија, Никола Илиевски – Џиџи, е назначен за нов тренер на ФК Вардар. Стратегот повторно се враќа во „црвено-црните”, но доаѓа во еден тежок период за клубот, најтежок во последната деценија, поради беспарица, долгови и заминувања на играчи.

developer | 11.02.2021

Данска ја одбрани титулата светски првак во ракомет

Во финалето на ракометниот мундијал во Каиро Данска ја совлада Шведска со 26:24 и ја одбрани титулата светски првак. За Данците тоа беше петто финале и втор трофеј додека Швеѓаните кои низ историјата имаат осум финалиња останаа на четирите златни медали.

developer | 11.02.2021

„Ливерпул, Јунајтед и Реал Мадрид ќе го уништат фудбалот – буквално!“

Во ек кога светскиот фудбал жестоко е потресен од најавата за отцепување на великаните и богаташи и формирање на приватната Суперлига, првиот човек на шпанската Ла Лига јавно со прст ги посочи виновниците кои ќе го уништат комплетно фудбалот – Ливерпул, Манчестер јунајтед и Реал Мадрид.

developer | 29.01.2021

Голем подвиг за човештвото – искачен страшниот K2 во зимски услови

Десет алпинисти од Непал поставија светски рекорд откако станаа прв тим кој во екстремно тешки зимски услови го качија К2 – вториот највисок врв на светот (8.611 метри надморска висина, но далеку поопасен од Еверест), кој се наоѓа на граница меѓу Пакистан и Кина.

developer | 29.01.2021

Со победа против Чиле, Македонија се пласира во втората фаза на СП

Македонската ракометна репрезентација ја запиша првата победа на Светското првенство во Египет и се пласира во втората фаза.

developer | 29.01.2021

Атлетик ја шокираше Барса во луда завршница, Меси „поцрвене“ по крајно неспортскиот фаул

Атлетик Билбао е шампион од Суперкупот на Шпанија, откако во Севилја во неверојатна завршница прво успеа да израмни на 2:2 во 90-тата минута од мечот, за потоа во 97-мата минута од продолжението со фантастичниот гол на Ињаки Вилијамс да го освои трофејот.