Najtrofejniot Makedonski klub vo Pert, Stirling Lajons pred pochetokot na novata sezona se zasili so dva igrachi, i toa se Dejan Spaseski i Aleks Shuleski.
Тренерот на Комитите Пол Реид смета дека го има составено најсилниот тим досега со последното засилување, голманот Анте Ковиќ, кој е освојувач на шампионатот на Азија со Вестерн Сиднеј Вондерерс.
Македонската каратистка Ана Николовска на Денот на Австралија (26 јануари) го доби признанието „Спортска личност на годината – 2017″ од Советот на Бајсајд, општина во Сиднеј. Бајсајд Кансил контролира 32 општини со 152.814 жители.
Рокдаел Илинден во вторникот објави дека во клубот за претстојната сезона го регистрирал голманот Анте Ковиќ. Со него ќе се засили одбраната во 2017 година, а ќе може за прв пат да го види домашната публика за време на МАСО купот кој започнува во петок, на 27 јануари, на Спортскиот центар Илинден со почеток во 18 часот.
На нашата најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа и недостигаше само 1 натпревар, односно уште 1 освоен сет за да се пласира во 1-то коло од главниот дел на турнирот во Мелбурн, но за жал не успеа да ја победи искусната Фогеле.
Европскиот шампион Вероника Костовска стигна со убедливи победи до златниот медал на силниот Меѓународен карате турнир Гран при Кроација во Самобор – Хрвтска.
Некогашниот австралиски тенисер, Пет Кеш смета дека следната сезона може да биде последна на најдобриот тенисер на Шпанија, Рафаел Надал. Тој вели дека доколку и во новата сезона Рафа не ја подобри својата игра и пласман, ништо чудно да одлучи да замине во пензија.
Имаме и ние тениска грација. Од нашата Македонија, тргна на пат околу светот, за да се докаже во светскиот женски тенис, и навистина одлично и
Џокејот Керин МекЕвој го освои својот втор Мелбурн Куп со коњот Аламадин, кој во последните секунди изби пред Хартбејк Сити во епскиот дуел.
Австралискиот модел Ејми Пејковиќ открила дека нејзиниот олимписки сон бил уништен кога дознала дека има тумор на мозокот на свои 19 години.Професионалната скокачка во височина морала да биде оперирана, а за среќа докторите тоа го направиле успешно
Во рок од десет дена, во два наврата Виктори доживеа пораз од градскиот ривал Мелбурн Сити. Натпреварот се играше во напната атмосфера и двата тима дадоа се од себе за да победат, но повторно Сити беше за нијанса подобар. Во острата игра многупати имаше прекини и беа досудени осум жолти картони, а дури 6 за Виктори.
Кристофер Наумоф, фудбалерот од Австралија со македонско потекло е приморан да започне тренерска кариера за да остане дел од фудбалот.
Фудбалската Федерација на Австралија (ФФА), му даде предупредување на Мелбурн Виктори по недозволивото однесување на навивачите на овој клуб, во кое беа запалени факели на стадионот минатата сабота.
Британскиот тенисер Енди Мареј ќе се заземе со задачата да го одведе на „прав пат” лошото момче Ник Киргиос. 21-годишниот Австралиец постојано го привлекува вниманието врз себе со своите испади. Тие пак му носат солидни казни и го потврдуваат неговиот имиџ.
Челниците на светскиот тенис решија посериозно да го дисциплинираат Ник Киргијос, кој е казнет со двомесечна суспензија поради непрофесионалниот однос за време на турнирот во Шангај. Австралиецот, кој има бројни „дисциплински престапи” во последните години, делуваше како намерно да го губи мечот, во голем дел од поените речиси и да не се движеше, а згора на тоа влезе во конфликт со еден навивач.
На почеток од средбата во 5 минута, многу наивно одбраната на Австралија дозволи лесен приод до голот, а Харагучи лесно ја затресе мрежата кога се најде очи во очи со голманот Рајан. Од тој момент гостите беа задоволни со чување на предноста и оставија да доминираат “сокерусите”.
Наближува Македонскиот јуниорски куп, кој оваа година ќе се игра на теренот на Нобл Парк Македонија. На него ќе настапат осум македонски клуба од Викторија со повеќе од 80 тимови од 7 до 18 годишна возраст.
Во саботата, по одигрувањето на последниот натпревар во регуларниот дел од сезоната, Алтона Маџик Вардар одржа презентациона вечер за “Најдобриот и Најфер фудбалер”.