developer | 11.12.2015

Перт Глори – Сиднеј ФК 0-0

Перт и Сиднеј играа нерешено на екстремно топлото време, во натпреар од фудбалската А-лига на Австралија. Двата голмани Анте КовиЌ и Ведран ЈањетовиЌ имаа многу малку работа бидејќи немаше некој посериозен напад. 

developer | 11.12.2015

Вестерн Сиднеј Вондерерс – Велингтон Феникс 2-1

Голот на Марк Бриџ пет минути пред крајот на средбата ја донесе победата за Вондерерс во интересниот натпревар со Феникс на стадионот “Пиртек” во Парамата, во меч од фудбалската А-лига на Австралија. 

developer | 11.12.2015

Аделаид Јунајтед – Њукастел Џетс 0-0

Аделаид имаше силен почеток во првите дваесетина минути од средбата во фудбалската А-лига на Австралија, против Њукастел. Гостите од Њукастел срамежливо полека почнаа да напаѓаат, но се чувствуваше несигурност во нивната игра. 

developer | 11.12.2015

Мелбурн Виктори – Централ Кост Маринерс 2-1

Во четвртокот само три минути ударна игра на Гаи Финклер беше доволна за победа на Мелбурн Виктори со 2-1 над Маринерс, во натпревар од фудбалската А-лига на Австралија. 

developer | 11.12.2015

Бризбен Роар – Мелбурн Сити 1-1

А-ЛИГА НА АВСТРАЛИЈА
Голманот на Бризбен, Џејми Јанг, направи неверојатна грешка во дуелот со Мелбурн Сити, но за негова среќа остана неказнет, кога се лизна и му избега топката, во мечот од фудбалската А-лига на Австралија.

developer | 11.12.2015

Голф-турнир на Престон Македонија

Минатата седмица околу 40 играчи на голф се појавија на игралиштето Гроњлинг Фрог Голф Цоурсе, за да се натпреваруваат во четвртиот годишен Голф-турнир на Престон Македонија, на кој се прибираа средства за клубот.

developer | 27.11.2015

Македонските каратисти со десет медали се вратија од Франција

Во Париз нашите спортисти освоија четири златни, четири сребрени и два бронзени медали во конкуренција на 80 натпреварувачи од 12 држави. 

developer | 27.11.2015

Лукас Браун е официјален предизвикувач за титулата на Чагаев

Лукас Браун (Австралија) официјално е номиниран за главен предизвикувач за титулата на Светската боксерска асоцијација во тешка категорија, која е во сопственост на Руслан Чагаев (Узбекистан).

developer | 27.11.2015

Сензација: Беше голем аутсајдер, но ја нокаутираше неприкосновената шампионка Раузи

Сензација во UFC! Холи Холм во саботата навечер во Мелбурн го шокираше светот откако ја победи до сега неприкосновената светска шампионка Ронда Раузи. 

developer | 27.11.2015

Квалификации за Светскиот куп ВО 2018 Г. во Русија

Австралија – Киргистан 3-0
Репрезентацијата на Австралија, во четвртокот, славеше висока победа над Киргистан во Канбера, во меч од квалификациите за пласман на фудбалското Светско првенство во 2018 година во Русија.

developer | 27.11.2015

Сиднеј ФК – Мелбурн Виктори 2-4

Мелбурн Виктори во 6. коло во фудбалската А-лига на Австралија го прекина извонредниот почеток на сезоната за Сиднеј ФК, нанесувајќи им го првиот пораз годинава.

developer | 27.11.2015

Њукастел Џетс – ЦК Маринерс 1-1

Со десет фудбалери Централ Кост Маринерс успеа да извлече поделба на бодовите со Њукастел Џетс во возбудливата средба на стадионот Хантер, во меч од А-лигата на Австралија. 

developer | 27.11.2015

Бризбен Роар – Перт Глори 1-0

Динамична игра во која двата тима, Бризбен Роар и Перт Глори ја прикажаа можеби својата најдобра партија сезонава во фудбалската А-лига на Австралија. 

developer | 27.11.2015

Велингтон Феникс – Аделаид Јунајтед 4-2

Двата гола на Роли БоневаЧиа го инспирираа Велингтон Феникс да оствари победа над Аделаид Јунајтед, во меч од фудбалската А-лига на Австралија. 

developer | 27.11.2015

Мелбурн Сити – ВС Вондерерс 0-3

А-ЛИГА НА АВСТРАЛИЈА
Вестерн Сиднеј Вондерерс ја оствари својата трета победа во низа во фудбалската А-лига на Австралија, на гостувањето во Мелбурн, совладувајќи ги убедливо домаќините, Мелбурн Сити, со 3-0.

developer | 23.11.2015

Првпат жена џокеј е победник на оваа историска трка

Победник на годинешниот Мелбурн куп е “PRINCE OF PENZANCE” кој го јаваше Мишел Пејн, со што испиша историја станувајќи прва жена џокеј што ја има освоено оваа голема награда во 155 годишната традиција.

developer | 23.11.2015

Бесмртниот Мур е нов шампион на Red Bull X-Fighters

Австралијанецот Клинтон Мур е крунисан за победник во светската серија Red Bull X-Fighters за сезоната во 2015 година, на последното натпреварување одржано во Абу Даби. Тој победи во финалето со што ја заврши сензационалната сезона во најпрестижното светско натпреварување во мотокрос слободен стил со три победи, една повеќе од најголемиот ривал Французинот Томас Паже. 

developer | 23.11.2015

Нов Зеланд потврди дека е лулка на рагбито: „Црните“ се нови светски прваци

Нов Зеланд ја одбрани титулата светски првак во рагби, откако во финалето на СП славеа победа над Австралија со 34:17. Нов Зеланд ја освои третата светска круна и стана првата репрезентација која го одбранила Webb Ellis трофејот.