Мнозинството руски граѓани гласаа за измени на Уставот што ќе му овозможат на претседателот Владимир Путин да остане на власт до 2036 година. Eднонеделниот референдум беше обележан со бројни извештаи за притисок врз гласачите и други неправилности.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека сè повеќе ѝ е лут на Кина поради пандемијата на коронавирусот, особено во Соединетите Држави.
Американската администрација на претседателот Доналд Трамп го купила речиси целото количество на лекот „Ремдесивир” во светот во следните три месеци, кој се покажа ефикасен во лекувањето на новиот коронавирус.
Меѓународниот институт за истражување на мирот СИПРИ со седиште во Стокхолм, Шведска, соопшти дека државите што поседуваат нуклеарно вооружување и покрај многуте договори за разоружување во кои членуваат, сепак продолжиле да ги модернизираат своите арсенали и покрај намалувањето на бројот на нуклеарни боеви глави.
Во јавноста се појавија фотографии од бугарскиот премиер, Бојко Борисов кој лежи во спална соба гол покриен со прекривка.
Инцидент меѓу индиски и кинески војници на границата со Кина.
Кина соопшти дека не сака нови конфликти на границата со Индија и додаде дека двете држави се обидуваат да ја решат ситуацијата преку дијалог.
Американскиот претседател Доналд Трамп го критикува својот сојузник во Европа, Германија, поради наводни долгови кон НАТО и за Северен тек 2, пренесуваат германските медиуми.
Во Пекинг, 11 станбени области се под карантин поради појавата на ново жариште на коронавирус во околниот пазар, соопштија кинеските власти.
Повеќе европски земји продолжуваат со укинување на ограничувањата во услови на пад на нови случаи на инфицирани од коронавирусот, но врвни експерти за заразни болести од САД предупредуваат дека епидемијата е далеку од завршена, наведувајќи дека пандемијата е една од најлошите во историјата.
Иако филипинскиот претседател Родриго Дутерте го критикуваше воениот договор со САД како „неправеден”, филипинската влада одлучи да се откаже од нов сојуз со Кина и да го продолжи долгогодишниот воен договор со Соединетите држави, јави „Њујорк Тајмс”.
Ситуацијата во Америка им е вознемирувачки позната на аналитичарите на ЦИА навикнати да ги надгледуваат општествените немири во странство – собирањето на демонстрантите, сузбивањето од страна на полицијата и покажувањето на сила од страна на лидер кој проектира авторитет, пишува „Вашингтон пост”.
Резервоар за гориво на електрана во близина на сибирскиот град Норилск се сруши, по што повеќе од 20.000 тони нафта се излиja во реката.
Кинески трупи навлегоа во спорниот дел на хималајската граница помеѓу Кина и Индија, изјави индискиот министер за одбрана Раџант Синг.
Канадскиот милијардер Илон Маск планира да го продаде речиси целиот свој имот, напиша тој на својот Твитер налог.
– Го продавам речиси целиот свој имот. Нема да имам дом – објави Маск.
Истражувачите не го поврзуваат затворањето на озонската дупка со намалувањето на загадувањето на воздухот предизвикано од преземените мерки во светот за забрана на движење во борбата со коронавирусот.
Лас Вегас изгледа како град на духови: сите казина во овој град се затворени, а туристите повеќе ги нема. Илјадници отпуштени работници чекаат пред казината да ја добијат својата храна. Ова се последиците од економската криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот.
ЦИА не утврдила докази дека вирусот e вештачки произведен. Претседателот на САД, Доналд Трамп вели дека видел докази за такво нешто, но дека не е тој што треба да ги каже.
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ги шокираше медицинските работници со последните коментари за лек за коронавирус. Неговите коментари експертите ги нарекоа неодговорни и опасни.