developer | 02.03.2020

Србија и Косово потпишаа договор за автопат, на Вучиќ не му беше лесно

Претседателите на Србија и на Косово сведочеа на потпишувањето договор за намера за обнова на железничкиот сообраќај меѓу двете земји и за завршување на автопатот меѓу Белград и Приштина.

developer | 02.03.2020

Новиот коронавирус доби име: COVID-19!

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека официјалното име на болеста предизвикана од новиот коронавирус е КОВИД-19.

developer | 28.02.2020

Над 800 луѓе починаа во Кина, надминувајќи ја бројката на мртви од САРС во 2003

Епидемијата на САРС во 2002-2003, која исто така почна во Кина, уби 774 луѓе низ целиот свет. Од новиот коронавирус досега починаа 811 луѓе, главно во континентална Кина.
Бројот на луѓето за кои е потврдено дека се заразени во континентална Кина е 37.198. Вкупната бројка на заразени низ светот е околу 37.500.

developer | 28.02.2020

Лушпест мравојад идентификуван како можен извор на коронавирусот

Кинески научници сметаат дека смртоносниот коронавирус можеби се пренесол од лилјаци на луѓе преку илегалната трговија на лушпести мравојади, единствениот лушпест цицач на светот, кој високо се цени во Азија во исхраната и медицината.

developer | 28.02.2020

Ле Пен: Брегзитот е страшен неуспех за ЕУ

Претседателката на француската десничарска партија Национално собрание, Марин Ле Пен, рече дека излегувањето на Велика Британија од ЕУ е враќање на слободата и дека тој настан е неуспех за Брисел.

developer | 10.02.2020

Маж од Австралија ставен во карантин, се вратил од Кина со симптоми на корона вирусот

Еден маж што се вратил од Кина во Австралија е ставен во карантин откако се пожалил на симптоми на корона вирусот и тој е во карантин во Бризбен.
Мажот неодамна се вратил од кинескиот град Вухан, каде се регистрирани најголем број случаи на воспаление на белите дробови. Испитувањето треба да покаже дали тој се инфицирал или не од корона вирусот.

developer | 27.01.2020

Балканците живеат во гасна комора

Балканците живеат во гасна комора, покажува најновиот извештај на “Глобалната алијанса за здравје и загадување”.

developer | 16.01.2020

Како одговор на палењето на Коранот, горат американското и норвешкото знаме во Пакистан

Норвешкото знаме заедно со американското беа запалени на протест во Карачи, како одговор на палењето на Коранот во Норвешка пред неколку дена.
Додека Tурција и Иран официјално го осудија тој чин, Пакистанците се одлучија за порадикални мерки.

developer | 16.01.2020

Храбри граѓани сопреа напаѓач во Лондон, еден му го одзел ножот

Британската полиција во инцидент кој се третира како терористички напад, застрела маж кој почина на лице местo. Меѓутоа, пред полициската акција, минувачи го срушиле на земја и му го одзеле ножот.

developer | 16.01.2020

Германија догодина во НАТО ќе плати на ниво на САД, кои планираат да ги скусат давачките

Почнувајќи од следната 2021 година Германија ќе уплаќа придонес во вкупниот буџет на НАТО на ниво на САД, а за измените во распределбата на товарот се договориле 29-те членки на Алијансата, пренесе агенцијата DPA, повикувајќи се на свои извори.

developer | 23.12.2019

Таинствена компанија ослободи досега невиден потенцијал на сончевата енергија

Таинствена стартап-компанија, која е поддржна од Бил Гејтс, направи неверојатен пробив во областа на сончевата енергија што може да помогне во зачувување на нашата планета.

developer | 23.12.2019

Британскиот принц Ендру се повлекува од јавноста

Британскиот принц Ендру објави дека се повлекува од јавниот живот, пренесува „Ројтерс”. Тој навел дека контроверзиите за неговиот непромислен однос со американскиот финансиер Џефри Епштајн, кој е осуден за педофилија, му нанеле голема штета на кралското семејство.

developer | 23.12.2019

Литиумот е новата нафта

Главен играч на пазарот со литиум во моментов е Кина, што никако не им е по воља на Американците. Кинезите играат глобално со јакнење на односите со земји во кои има огромни резерви на литиум. А и Американците играат глобално, со нивната франшиза наречена шарени револуции.

developer | 06.12.2019

Принцот за прв пат проговори за скандалот со педофилот милијардер

Принцот Ендру конечно јавно проговори за скандалот и педофилот милијардер Џефри Епстејн во интервју за „Би-Би-Си”, пренесува „Метро”.
Тој седна со Емили Маитлис, а нивниот разговор новинарката го нарече отворено интервју без проверени прашања.

developer | 06.12.2019

Сирија ќе бара од САД компензација поради кражбата на нафта

Сирија ќе бара од ОН да се разгледа прашањето за кражбата на сириската нафта и од САД ќе бара компензација поради тоа, изјави сирискиот претседател, Башар ал-Асад, пренесува „Спутник”.

developer | 06.12.2019

Во Кина се појави смртоносна чума позната како,,Црна смрт”

Две лица во Кина се заболени од чума, соопштија кинеските власти.
Ова е втор пат во земјата да се појави т.н. Црна смрт, една од најсмртоносните причинители на пандемија во историјата на човештвото.

developer | 04.11.2019

Путин: Терористите бараат нови упоришта на Балканот и во Азија

По поразот во Сирија, терористите почнаа да бараат нови упоришта на Балканот и Југоисточна Азија, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

developer | 04.11.2019

Курти: Ние Албанците сме една нација со две држави

Албин Курти е победникот на вонредните парламентарни избори на Косово. Тој во во интервју за германски “Франкфуртер алгемајне цајтунг” зборува за имиџот на Косово во светот, за корупцијата и љубовта кон албанското знаме. За политиката на 100% царини на досегашниот премиер на Косово, Рамуш Харадинај, вели дека не се залага за укинување на мерката, но дека повеќе му се допаѓа политиката на тотален реципроцитет.