developer | 21.10.2019

ФБИ регрутира руски шпиони преку oгласи

На подрачјето на градот Вашингтон, Федералното биро за истраги на САД (ФБИ) објавува огласи на „Фејсбук”, кои се чини дека се осмислени да регрутираат руски шпиони, како и оние што се запознаени со нивните активности, објави Си-ен-ен.

developer | 21.10.2019

Нуклеарна војна меѓу Индија и Пакистан би одзела 125 милиони животи

Нуклеарна војна меѓу Индија и Пакистан би можела да убие до 125 милиони луѓе за само неколку дена,надминувајќи го бројот на загинати во Втората светска војна и да започне светско уништување на животната средина, покажува новата студија цитирана од РТ.

developer | 21.10.2019

За крунисувањето на новиот јапонски цар ќе бидат ослободени 600 000 затвореници

Јапонската влада планира да ослободи 600 000 затвореници во чест на крунисувањето на царот Нарухито на 22. октомври.

developer | 14.10.2019

Тито не умрел на 4 мај 1980 година?

Сиот свет знае дека доживотниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито починал на 4 мај 1980 година. Но, „Курир.рс”, изнесува нови терории за смртта на Маршалот.

developer | 14.10.2019

Индија најголем победник од трговската војна меѓу САД и Кина?

Индиската економија би можела да оствари добивка од 11 милијарди долари, бидејќи американско-кинеската трговска војна принуди некои компании да го преселат производството од Кина во Индија.

developer | 14.10.2019

Сириски бегалци што глумеле дека се одбојкарска екипа уапсени на аеродромот во Атина

Грчката полиција уапси 10 сириски бегалци на меѓународниот аеродром во Атина. Групата се претставувала како одбојкарска екипа и се обиделе да патуваат со нелегално добиени пасоши.

developer | 14.10.2019

Кралицата Елизабета го прифатила барањето на Џонсон да ја суспендира законодавната власт

Нејзиното Величество, како што се вели, официјално ја одобрило наредбата на Владата за нов говор на Кралицата и укинување на Парламентот на 11 септември.
Кралицата го одобрила барањето на Џонсон во Балморал, каде ужива во летниот одмор.

developer | 30.09.2019

Џакарта сè повеќе тоне, во 2050г третина од градот би можел да биде под вода

Постојните мерки за заштита на околината не донесоа подобрување па властите се одлучија на драматичен чекор – Индонезија ќе добие нов главен град.

developer | 30.09.2019

Пожарите во Амазонија со апокалиптични размери

Францускиот претседател Емануел Макрон оцени дека пожарите кои што ја пустошат Амазонија претставуваат „меѓународна криза” и ги повика земјите членки на „Г7″ да разговараат за тој проблем на претстојниот самит.

developer | 30.09.2019

„Рециклирај и патувај“ – бесплатен јавен превоз во Рим во замена за пластични шишиња

Рим почна проект каде луѓето ќе може да рециклираат пластични шишиња во замена за бесплатно возење со јавниот градски превоз.

developer | 30.09.2019

Исплови првата пловечка нуклерка во светот, Гринпис ја вика „нуклеарниот Титаник“

Првата пловечка нуклеарна централа во светот исплови од арктичкото пристаниште Мурманск, за да ги снабдува со струја најодалечените региони на Русија.

developer | 12.09.2019

Кинески весник тврди дека Хонг Конг нема да стане новиот Тјенанмен

Кинески весник се осмели да потсети на крвавото задушување на протестите на Тјенанмен, кои се табу во земјата, истакнувајќи дека евентуалната воена интервенција во Хонг Конг нема да биде реприза на масакрот што војската во Пекинг го изврши во јуни 1989 година.

developer | 12.09.2019

Пекинг: Странски сили ги поттикнуваат протестите во Хонг Конг

Кина обвини неидентификувани странски сили дека ги поттикнале насилните протести во Хонг Конг, а владата во Пекинг се закани дека тие напори на крајот ќе им се вратат „на нивна штета”.

developer | 12.09.2019

Дачиќ: Уште една земја го повлече признавањето на Косово

Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, најави дека од понеделник ќе го соопшти името на 15-та држава која ја повлекла одлуката за признавање на независноста на Косово.

developer | 12.09.2019

Рускиот пилот кој спаси 233 животи скромен: Не сум херој, донесов правилна одлука

Дамир Јусупов, пилотот кој го спушти авионот А321 „Урал ерлајнз”, раскажа на конференцијата за медиумите како донел одлука да го спушти авионот на полјана. Јусупов нагласил дека прво сакал да се врати на аеродром, затоа што моторот не можел да продолжи да лета.

developer | 22.08.2019

Трамп ѝ се заканува на европа: Ќе ви ги вратиме терористите

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе врати во Европа илјадници терористи од Исламска држава заробени во Сирија.
Како што јави „Индепендент”, Трамп рече дека ќе ги прати терористите со европско потекло доколку европските земји не сакаат да ги прифатат своите граѓани кои во Сирија ѝ се придружија на терористичката ИД.

developer | 22.08.2019

Големо откритие: НАСА пронашла Суперземја! Оваа планета би можела да биде нашиот нов дом

Планетата, оддалечена околу 31 светлосна година од нас, која ја снимил сателитот „Тес” на НАСА, според мислењето на научниците би можела да има идеални услови за развој на живот.

developer | 12.08.2019

Метеорит падна во Индија

Метеорит со големина на фудбалска топка падна во поле во село во источниот дел на Индија. Каменот тежи 13 килограми, а утврдено е дека има магнетни својства.
Фотографијата од селани кои стојат околу огромен кратер во кал за кој се верува дека бил предизвикан од метеоритот го обиколи светот.