developer | 12.08.2019

Кина e подготвенa за војна aко некој се осмели да го оддели Тајван

Кинеското Министерство за одбрана објави дека Кина е подготвена за војна „ако има луѓе кои би се осмелиле да го одвојат Тајван од земјата”, обвинувајќи ги САД за поткопување на глобалната стабилност и осудувајќи ја продажбата на американско оружје на островот што Пекинг го смета за дел од својата територија.

developer | 12.08.2019

Амазонска прашума исчезнува со брзина од три фудбалски игралишта во минута

Прашумата во Амазонија се уништува со брзина од три фудбалски игралишта во минута, а тоа значи дека наскоро може да дојде до точката каде што ова огромно подрачје веќе не ќе може да заздрави, коментираат познавачи.

developer | 12.08.2019

Фејсбук знае повеќе за тебе отколку ЦИА

Според поранешната агентка на ЦИА, советничка на Бајден (додека е во Белата куќа), и вработена во Фејсбук, Јаел Ајзенстат, „Фејсбук те познава многу подобро од што ЦИА кога и да е ќе те запознае. Фејсбук знае повеќе за тебе од ти самиот што знаеш.”

developer | 09.08.2019

Рамуш Харадинај поднесе оставка оти е повикан пред хашкиот суд како осомничен

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај поднесе оставка на функцијата, за време на оддржување на седница на косовската Влада, јави Бота сот.
„Оставката е неотповиклива”, рече Харадинај.

developer | 09.08.2019

Иран му одговори на Tрамп: Мислиме дека сте срушиле ваш дрон, наш не е

Иранскиот заменик-министер за надворешни работи, Абас Аракчи, негираше дека Иран загубил беспилотно летало во Ормускиот Теснец. САД веројатно „по грешка” собориле свој сопствен дрон, рече тој.

developer | 09.08.2019

Макрон нема да решава за Косово без Меркел

Франција е во интерес на изнаоѓање трајно решение за Косово, и нејзиниот претседател Емануел Mакрон веќе се ангажира во овие напори. При неговата посета во Белград тој го покажа тоа и во негова порака, пренесуваат експертите за европска политика.

developer | 23.07.2019

Се разгорува трговската војна и меѓу САД и Индија

Индија реши да купи руски ракетни системи „с-400″, што ги налути САД.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја повика Индија да го повлече „неприфатливото” зголемување на царините за производите од САД пред средбата со индискиот премиер Нарендра Моди, на маргините на дводневниот самит на Г20, кој започна деновиве во Јапонија.

developer | 23.07.2019

Џими Kартер: Трамп е претседател поради Русите

Поранешниот американски претседател Џими Картер (94) оцени дека Доналд Трамп е избран за претседател на САД поради вмешаноста на Русија во изборите во 2016 година, пренесува АП.

developer | 23.07.2019

НАСА ќе и плати на „Спејс Екс“ да бомбардира астероид

Американската вселенска агенција ја најми компанијата на Илон Маск, „Спејс Екс”, за истражување на можностите за менување на патиштата на астероидите со лансирање проектили кон нив.

developer | 11.07.2019

Малезискиот премиер за извештајот за МХ17: „Од почетокот намерата беше да се обвини Русија“

Малезискиот премиер оцени како „смешна” одлуката да им се суди на тројца Руси и еден Украинец во март 2020 за уривањето на авионот на Малезија ерлајнс МХ17, кој во 2014 беше урнат со проектил над источна Украина.

developer | 11.07.2019

Трамп му се закани на Иран со уништување ако дојде до војна

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не сака војна, но го предупреди Иран дека ако дојде до војна ќе се соочи со уништување. Трамп нагласи дека САД биле отворени за разговори, но дека нема да дозволат Иран да развива нуклеарно оружје.

developer | 11.07.2019

На Никола Саркози ќе му се суди за корупција

На поранешниот претседател Никола Саркози ќе му се суди за „корупција” во афера откриена преку телефонски прислушувања, јавува дописникот на МИА.
Врховниот суд ги отфрли најновите приговори од страна на поранешниот шеф на француската држава, неговиот адвокат Тиери Херцог и поранешниот висок судија Жилбер Азиберза да се избегне судење за „корупција и ширење влијание”. Овој судски процес ќе биде прв за Никола Саркози, на кого исто така ќе треба да му се суди и за случајот Бигмалион, во наредните месеци.

developer | 05.07.2019

Убиениот брат на северојнокорејскиот лидер Ким Џонг-ун работел за ЦИА

Убиениот полубрат на лидерот на Северна Кореја Ким Џонг-ун, Ким Џонг-нам, бил доушник на американската централна известувачка агенција (ЦИА), пишува „Волстрит журнал”, повикувајќи се на добро известувачки извори.

developer | 05.07.2019

Демонстранти го нападнаа возилото на албанскиот премиер Рама

Група луѓе се обидоа да го блокираат патот Елбасан – Либражд во источна Албанија, а било нападнато и возилото на албанскиот премиер Еди Рама. Тоа

developer | 05.07.2019

Египет бара „Кристис“ да ја откаже аукцијата на статуата на кралот Тутанкамон

Египет се обидува да ја спречи аукцијата на 3.000 години старата камена скулптура на познатото момче фараон Тутанкамон во „Кристис” во Лондон, пренесува „Брејтбарт”.

developer | 24.06.2019

САД се обидуваат да го замрзнат конфликтот во Донбас по поразот на Порошенко

Политиката на Вашингтон е насочена кон замрзнување на конфликтот во југоисточна Украина, изјави директорот на Центарот за актуелна политика во Русија, Алексеј Чеснаков, за ТАСС коментирајќи ја интернет-конференцијата што ја водеше специјалниот претставник на САД за Украина, Курт Вокер.

developer | 24.06.2019

Тачи му се закани на Брисел: Ако продолжите, ќе се обединиме со Албанија, но и со југот на Србија

Доколку ЕУ продолжи со изолацијата на Косово, ќе биде разгледана можноста за институционални активности или референдум за обединување со Албанија, изјави косовскиот претседател Хашим Тачи.

developer | 24.06.2019

Кина може да го ограничи пристапот на САД до вредни ретки метали

Кина може да користи стратешки важни ретки метали, барани од технолошките индустрии, како адут во трговската војна со САД, пишува весникот „South China Morning Post”, цитиран од „TACC”.