Американскиот претседател Доналд Трамп се закани, на Денот на благодарноста, дека ќе ја затвори границата меѓу САД и Мексико на неодреден временски период доколку неговата администрација утврди дека јужниот сосед „ја загубил контролата” врз својата страна.
Шпанскиот министер за надворешни работи, Жозеп Борељ, изјави дека е многу повеќе загрижен за единството на Велика Британија отколку на Шпанија.
Даглас Мареј, познат новинар на Спектатор, Стендпоинт, Волстрит џурнал и други, објави публицистичка книга, во која објаснува дека смртта на Европа веќе се случила. Притоа, како што објавува Јутарњи лист, Мареј се држи до голи факти.
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави, откако американскиот претседател Доналд Трамп го нападна на Твитер, дека два долгогодишни сојузници како Франција и Америка мора меѓусебно да се однесуваат со почит и дека Франција е американски сојузник, а не вазалска држава.
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто ја повика ЕУ да ги обнови економските врски со Русија, нагласувајќи дека една од идеите на Европа беше создавање на „единствен европски простор од Лисабон до Владивосток”.
Стогодишнината од крајот на Првата светска војна се приближува, a пиротехничари сè уште ископуваат муниција од полиња на смртта во источна Франција.
Руските систем за противвоздушна одбрана (ПВО) „С-300″ и „С-400″ и американските ловци од петтата генерација „Ф-35″ би можеле за прв пат да се судрат над Сирија, што може да биде погубно по воената репутација на едната страна, проценуваат кинеските воени аналитичари.
Антикорупцискиот суд на Филипините наредил апсење на поранешната прва дама Имелда Маркос откако ја прогласи за виновна по седум точки од обвинението за корупција од времето на владеењето на нејзиниот сопруг и поранешен диктатор Фердинанд Маркос.
Во Европскиот Парламент во Стразбур е одржана расправа, поради скандалот со кој е утврдено дека 11 земји членки на ЕУ изгубиле најмалку 55 милијарди евра.
Бугарската влада го мина гласањето за доверба во Парламентот, кое го иницираа опозициските социјалисти, кои ја обвинуваат дека не го обновила здравствениот систем.
– Нешто овде ќе експлодира и тоа најверојатно ќе биде општеството, пишува магазинот Vice опишувајќи го градот кој пука по шавовите, со огромни економски нееднаквости, енормно големи кирии a вработени наставници кои се бездомници.
Новооткриени документи од еквадорската влада укажуваат на невообичаен обид основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, да се извлече од амбасадата на таа земја во Лондон.
Косовскиот парламент гласаше за формирање војска со 5 000 војници и покрај противењето на српското малцинство и острите реакции од Белград
Бидејќи џекпотот во мегамилионската американска лотарија порасна на неверојатни милјарда долари, јасно е дека многу граѓани сакаат да си ја пробаат среќата.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека независноста која ја доби Украинската православна црква е провокација од Цариградската патријаршија со поддршка од Вашингтон.
Во танзанискиот град Дар ес Салам е киднапиран најмладиот африкански милијардер Мохамед Дуџи.
Научниците предупредуваат дека е крајно време надлежните институции сериозно да го сфатат порблемот со глобалното затоплување.
Американскиот претседател Доналд Трамп одби да се сретне со канадскиот премиер Џастин Трудо, намалувајќи ги шансите за постигнување трговски договор меѓу двете земји.