developer | 14.05.2018

Грците тврдат дека Ципрас им дозволил на САД да разместат боеви глави на нивна територија

Лидерот на грчката Комунистичка партија тврди дека Американците разместиле нуклеарно оружје во база на грчка територија, а тоа им го дозволила официјална Атина.

developer | 11.05.2018

Анкара: Русија и САД би можеле да го запалат Блискиот Исток

Потенцијален конфликт меѓу САД и Русија во Сирија би можел да го запали Блискиот Исток, предупреди турскиот министер за одбрана Нуретин Џаникли.

developer | 11.05.2018

Америка и сојузниците ја бомбардираа Сирија

Американската армија заедно со Франција и Велика Британија како свои сојузници ја бомбардираше Сирија, односно испали стотина проектили врз воени цели блиски до режимот на Башр ал Асад и воената база каде се верува дека било чувано хемиското орујже користено за напади врз цивили и нивно труење во Дума.

developer | 02.05.2018

Дачиќ: Без ментори, Приштина ќе го прифатеше предлогот за поделба на Косово

Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ изјави дека Приштина кога со неа би се разговарало без ментори, би го прифатила предлогот за поделба на Косово.

developer | 02.05.2018

Британските научници: Не можеме да потврдиме дека агенсот со кој е отруен Скрипаљ е направен во Русија

Британските научници во научната институција „Портон даун” не успеаја да утврдат каде бил создаден нервниот агенс “Новичок” со кој се отруени Сергеј и Јулија Скрипаљ, објави Гардијан.

developer | 26.04.2018

Скрипал првиот контакт со нервниот агенс го имал дома, тврди Скотланд јард

Поранешниот двоен руско-британски шпион 66-годишниот Сергеј Сркипал и неговата 33-годишна ќерка Јулија кои на 4-ти март биле затруени со нервен агенс, го имале првиот контакт со отровот во својот дом во Велика Британија, соопшти британската полиција.

developer | 26.04.2018

Хејли: Нема веќе да плаќаме 28,5 отсто од трошоците на мисиите на ОН

Американската амбасадорка во Обединетите нации, Ники Хејли, изјави дека САД повеќе нема да покриваат 28,5 отсто од трошоците за мировните операции на ОН, чиј годишен буџет е 7,3 милијарди американски долари.

developer | 26.04.2018

Индија: На конкурс за 90 илјади работни места се пријавиле дури 25 милиони луѓе

Околу 25 милиони луѓе, повеќе од бројот на жители на контитентот Австралија, се пријавиле за околу 90 илјади работни места во Индиската железница.

developer | 16.04.2018

ВУЧИЌ: Западот не сака да разговара кому му припаѓа Косово

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави за РТС дека во последните три дена во САД имал „тешки и напорни средби” околу прашањето на Косово.

developer | 16.04.2018

Африка се дели на два дела, и тоа побрзо отколку што се мислеше

Источна Африка се од­војува од остатокот од континентот во рамки на геолошки настан кој за милион години би можел да го остави тој континент без неговиот „рог”. Сепак, оваа појава уште сега предизвикува проблеми, пишува Индипендент.

developer | 31.03.2018

Поради Србија и Косово доцнат дигиталните часовници во Европа

Поради намалување на фреквенцијата во европската електрична мрежа, многу дигитални часовници во Европа доц­нат, што е настан без преседан, соопшти денеска Европската аоцијација на операторите на електродистрибутивните мрежи.

developer | 31.03.2018

Во април Самит на Турција, Русија и Иран за Сирија

Портпаролот на турското министерство за надворешни работи прецизираше дека лидерите на трите земји ќе разговараат и за идните чекори кои треба да се преземат во регионот.

developer | 31.03.2018

Трамп: Германија ги користи САД

Американскиот претседател Доналд Трамп вети дека ќе наметне тарифи од 25% за увозот на челик и 10% за алуминиумот, откако ја избра Германија како пример за поука и истакна дека пријателски земји како Мексико, Канада, Австралија и други можат да бидат поштедени.

developer | 23.03.2018

Колку заработуваат претседателите на земјите од регионот

Каква е платата на Иванов во споредба со неговите колеги?
Според последните официјални објавени податоци, најголема месечна плата во регионот има претседателот на Словенија, Борут Пахор. Како што се наведува во неговиот имот доставен до Изборната комисија, неговите месечни примања изнесуваат 3.322 евра (АУ$ 5,226).

developer | 20.03.2018

Можно е да е пронајден познатиот пират Црниот Сем

Кога галијата „Вај­да” потонала во 1717 година, однела со себе 144 живота. Меѓу починатите патници се наоѓал и Семјуел Белами, озогласениот пират, познат како Црниот Сем.

developer | 20.03.2018

Го тужеа „Гугл“ за 3 милијарди долари и ги открија валканите трикови на гигантот!

ЕУ го казнила интернет гигантот „Гугл” и му наредила да плати 2,4 милијарди евра, поради фаворизирање на сопствените услуги за онлајн купување.

developer | 15.03.2018

Во Индонезија уапсени повеќе од 20 двојки поради прослава на Денот на вљубените

Повеќе од 20 двојки беа уапсени во Индонезија поради прославување на Денот на вљубените и покрај забраната од властите.

developer | 15.03.2018

Германија размислува за бесплатен јавен превоз во градовите

Германската влада размислува за воведување бесплатен јавен превоз во градовите за да се подобри квалитетот на воздухот.