Децата сега се во поголем ризик од вооружени конфликти отколку во изминатите 20 години, затоа што 357 милиони од нив живеат во зони на конфликт, соопштила организацијата „Да ги спасиме децата”.
Српскиот претседател Александар Вучиќ вели дека е вџашен од тоа што хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ го отворил прашањето за воена отштета што Хрватска сака да ја добие од Србија.
Според организацијата Лекари без граници во Италија околу 10 илјади мигранти бездомници живеат во импровизирани населби, напуштени згради или на отворено, додека се процесираат нивните барања за азил.
Хрватските медиуми, анализирајќи ги препораките на Европската комисија за Западниот Балкан, пишуваат дека Хрватска сега ги држи во рака сите соседи кои сакаат во ЕУ и тоа поради границите.
Најстариот син на поранешниот лидер на Куба, Фидел Кастро Диаз – Баларт кој работел како нуклеарен физичар, се самоуби на 68-годишна возраст.
Специјалната пратеничка на УНИЦЕФ, актерката Анџелина Џоли во неделата го посети бегалскиот камп Заатари во Јордан, каде ја повика меѓународната заедница да најде начин да ја заврши бесмислената војна во Сирија.
Српскиот претседател Александар Вучиќ ја прифати поканата на хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ во февруари да замине во официјална посета на Хрватска.
Градоначалничката на Кејптаун, Патриција де Лил соопшти дека градот има резерви на вода за пиење уште за само 50 дена доколку жителите во меѓувреме не ја намалат потрошувачката на вода.
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го претстави новиот план за имиграција на Конгресот кој им нуди на 1,8 милиони млади нелегални имигранти познати како „Сонувачи” пат до државјанство во тек на 10-12 години.
Сè уште има време да се запре отчукувањето на часовникот, велат научниците, меѓу кои и 15 нобеловци
Група научници ги поместија стрелките на „Часовникот за крајот на светот” на две минути до полноќ, поради загриженоста за неодамнешните геополитички настани.
„Македонија е грчка”, извикуваа припадници на „Златна зора” кои упадна во општинската зграда на Солун.
Жителите на Бургас се побунија против загадувањето на воздухот. Десетици излегоа во поморскиот град на мирен протест, со слогани и кислородни маски, во знак на незадоволство против загадувањето на воздухот, јави БГНЕС.
Британската премиерка Тереза Меј посочи дека Лондон би можел да продолжи да биде глобален финансиски центар, дури и откако Велика Британија ќе ја напушти Европската унија.
Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер вели дека до крајот на овој мандат на Комисијата никој нема да влезе во ЕУ бидејќи не се исполнети условите за тоа. Тој сепак, порачува дека во следниот манднат на ЕК секако дека ќе се работи на тоа.
Сообраќајната полиција на Германија стана вистински хит откако полицајци сопреле воен конвој на американската армија и притоа им пишале казна и ги исклучиле од А4 автопатот.
Американскиот весник Волтстрит журнал објави дека порно актерката Стефани Клифорд, позната под порно името „Stormy Daniels”, добила 130.000 долари од Мајкл Коен, адвокат на Доналд Трамп во 2016 година во тек на претседателската кампања за да молчи за сексуален однос кој наводно го имала со Доналд Трамп во 2006 година.
Во една антикорупциска операција во Бугарија беа запленети стотици илјади биткоини. Тие во моментов се вредни 3.6 милијади американски долари, што е доволно да се исплати една петтина од националниот долг на земјата кој изнесува 16.5 милијарди долари.
Неколкумина загинаа во силниот земјотрес, со интензитет од 6,5 степени, според Рихтеровата скала, што го погоди индонезискиот остров Јава.