developer | 15.01.2018

Изгласан контроверзен закон за интернет!

Интернет од кога е создаден служи како потполна слободна мрежа за размена на информации и комуникации на милион луѓе ширум планетата.

developer | 08.01.2018

Трамп го призна Ерусалим за главен град на Израел

Време е Ерусалим да биде признат за главен град на Израел, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.
– Мојата објава го одбележува почетокот на нов приод кон конфликтот меѓу Израел и Палестинците.

developer | 08.01.2018

Словенечко списание ѝ се извини на Меланија Трамп

Уредништвото наведе дека статијата била сфатена како Меланија да била ескорт-дама.
Словенечкото списание „Сузи” ѝ се извини на првата дама на САД, Меланија Трамп за навестувањата дека работела како високоплатена дама за придружба, додека имала кариера на меѓународен модел.

developer | 08.01.2018

Грција и Турција во кавга и при посетата на Ердоган

Претседателите на Турција и на Грција Реџеп Таип Ердоган и Прокопис Павлопулос изјавија дека двете земји треба да изградат нова иднина и покрај разликите од минатото, откако посетата на Ердоган на Атина се претвори во размена на обвинувања за голем број историски прашања.

developer | 03.01.2018

Руската православна црква ja признава независноста на Украинската црква

Руската православна црква за првпат официјално ја призна независноста на Украинската православна црква, јавија руски медиуми.

developer | 03.01.2018

Скандал во Британското здравство – пациентите прегледувани од аматери

Националната здравствена агенција на Велика Британија утврдила дека пациенти со канцер добивале дијагнози дека се е во ред.

developer | 03.01.2018

Српската премиерка и нејзината девојка работат на бебе

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ и нејзината партнерка Милица Ѓуриќ сакаат да станат мајки, ексклузивно објави Курир.рс од извори блиски на двојката.

developer | 18.12.2017

Ратко Младиќ прогласен за виновен за геноцид, доби доживотен затвор

Хашкиот трибунал неправосилно го осуди поранешниот командант на Војската на Република Српска, генералот Ратко Младиќ (75), на доживотен затвор за геноцид во Сребреница и злосторства против човештвото врз муслиманите и Хрватите за време на војната во БиХ во периодот 1992-1995 година.

developer | 18.12.2017

Трудо: Канада e загрижена поради терористите што се враќаат од Исламската држава

Канадскиот премиер Џастин Трудо изјави дека неговата земја е загрижена од заканата против националната безбедност поради терористите што од Исламска држава се враќаат назад во земјата.

developer | 06.12.2017

Регистриран е радиоактивен облак на Европа, нуклеарен инцидент во Русија или Казахстан од септември

Радиоактивен облак над Европа во изминатите неколку недели навестува дека се случила несреќа во нуклеарен објект во Русија или во Казахстан во последната недела во септември, соопшти деновиве Францускиот институт за нуклеарна безбедност ИРСН.

developer | 06.12.2017

Според градоначалникот на Лезбос, островот се претворил во „концентрациски логор“

Градоначалникот на грчкиот егејски остров Лезбос, Спирос Галинос, изјави дека островот е преполн со мигранти.

developer | 06.12.2017

Во Индонезија го отстрануваат нацистичкиот лидер од музеј со кого тинејџерите често се фотографирале

Центарот „Симон Визентал” ја повика управата на музејот со восочни фигури „Де Мата” во Индонезија да ја отстрани фигурата на поранешниот лидер на Третиот Рајх, Адолф Хитлер, која што е поставена пред фотографија на концентрациониот логор Аушвиц.

developer | 29.11.2017

Трамп: Смртна казна за напаѓачот од Менхетн

Трамп бара смртна казна за узбекистанецот Саипов којшто со камионет изврши терористички напад во Њујорк. Белата куќа го прогласи за непријателски борец, и со Конгресот најави процес за укинување на лотаријата за зелена карта…

developer | 29.11.2017

Уште една европска земја останува без дел од својата територија?

Властите во Франција прифатија да се одржи референдум за независност на Нова Каледонија.

developer | 22.11.2017

Колку заработува Британската кралица од коњските трки?

Британската кралица Елизабета II заработила над 6.7 милиони фунти (околу 11.5 милиона австралиски долари) од награди од коњски трки во последните 3 децении. Ова го покажале информации од британските служби за трки, објави Си-Ен-Ен.

developer | 22.11.2017

Сингапур повеќе не дозволува автомобили на патиштата

Сингапур, еден од најскапите градови во светот за купување возило, објави дека ќе го замрзне бројот на приватни автомобили на своите патишта од наредната година, меѓутоа, вети дека ќе го зголеми јавниот транспорт.

developer | 22.11.2017

Почнуваат тестирањата на ѕидот на Трамп на границата со Мексико

Блокови од осумте предложени дизајни на ѕидот што Доналд Трамп планира да го гради долж американско-мексиканската граница ќе бидат тестирани во наредните неколку месеци.

developer | 16.11.2017

Путин: Запад ја отвори Пандорината кутија со признавањето на Косово

Запад изврши притисок врз Меѓународниот суд на правдата во Хаг да ја признае независноста на Косово и со тоа ја отвори Пандорината кутија, предизвикувајќи криза, како во Каталонија, изјави рускиот претседател Владимир Путин.