developer | 16.11.2017

Јапонскиот цар ќе абдицира во март 2019 година

Јапонскиот цар Акихито ќе абдицира на 31 март 2019 година, објави весникот „Асахи Шимбун” повикувајќи се на владини извори.

developer | 16.11.2017

Трамп в четврток ќе ги објави документите за убиството на Кенеди

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека ќе нареди отворање на доверливото досие за убиството на американскиот претседател Џон Ф. Кенеди во Далас во 1963 година.

developer | 08.11.2017

Светската здравствена организација најави дека стигнува епидемија наречена црна смрт

Светската здравствена организација предупреди дека од новата епидемија наречена црна смрт, би можеле да умрат милиони луѓе во Африка.

developer | 08.11.2017

Могерини: Трамп не може да го укине нуклеарниот договор со Иран

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини изјави дека нуклеарниот договор со Иран не може да го поништи ниеден лидер, па ни американскиот претседател Доналд Трамп.

developer | 08.11.2017

Сојузниците го притискаат каталонскиот лидер да прогласи целосна независност, игнорирајќи ги заканите од Мадрид

Каталонскиот лидер Карлес Пучдемон е под притисок од неговиот клучен сојузник во петок да прогласи целосна независност и да ја игнорира заканата од директната наредба на шпанската влада, пренесе Ројтерс.

developer | 02.11.2017

Грабар Kитаровиќ: Не мора да бидеме пријатели, но мора да соработуваме

Претседателите на Хрватска и на Србија, Колинда Грабар Китаровиќ и Александар Вучиќ се согласија за одложувањето на посетата на шефот на српската држава на Загреб, бидејќи „најновиот развој на настаните и атмосферата не придонесуваат за градење на меѓусебна доверба, се наведува во соопштението од Кабинетот на Грабар Китаровиќ.

developer | 02.11.2017

Зошто Мадрид не дозволува отцепување на Каталонија?

Доколку Каталонија се отцепи од Шпанија, шпанската економија веројатно ќе претрпи многу. Шпанскиот јавен долг изнесува нешто повеќе од милијарда евра, додека Каталонија е ниско задолжена.

developer | 02.11.2017

Во Дубаи успешно тестирано првото летечко такси

Дубаи сè повеќе почнува да се издвојува како високо-технолошки центар во регионот. Пред неколку дена таму било тестирано првото летечко такси во форма на дрон.

developer | 25.10.2017

Вучиќ: Да го решиме односот на Србите и Албанците еднаш засекогаш

Претседателот на Србија Александар Вучиќ кажа дека „тежок компромис” кога станува збор за Косово не подразбира само едната страна да биде задоволна.

developer | 25.10.2017

Пенс го повика Косово да го ратификува договорот со Црна Гора

Потпретседателот на САД, Мајк Пенс, го повика Косово да го ратификува договорот за демаркација на границата со Црна Гора, соопшти Белата куќа по средбата на Пенс со косовскиот претседател Хашим Тачи.

developer | 25.10.2017

Проработи вулканот, евакуација на цел остров

Властите на Вануату издадоа наредба за целосна евакуација на сите жители од островот Амбе, откако вулканот Монаро започнал да исфрла пепел и вулкански гасови.

developer | 18.10.2017

Иранска принцеза пронајдена како бездомничка на улиците во Милано

Аријана Лак од Велика Британија, која потекнува од иранското кралско семејство Каџар, и којашто исчезна пред една година, деновиве е пронајдена во Милано, Италија, благодарение на албански детектив најмен од нејзиното семејство.

developer | 18.10.2017

Полетале руските бомбардери и ликвидирале 850 борци

Руските воени авиони ликвидирале 850 џихадисти откако биле приморани да полетаат и да им помогнат на сириските војници чии што позиции биле жестоко нападнати од џихадистите на Исламската држава.

developer | 18.10.2017

Обама за своите говори наплаќа по околу 400.000 долари

Од мај годинава, Обама го наплати своето присуство на разни собири во Италија, Германија, Велика Британија, Канада, Индонезија и Јужна Кореја.

developer | 12.10.2017

Богољуб Кариќ бара отштета од 1,3 милијарди евра

Српскиот бизнисмен Богољуб Кариќ смета дека државата Србија му нанела штети во имот и добивка и бара надомест во износ од 1,3 милијарди евра, тврди „Српски телеграф”.

developer | 12.10.2017

Ученици изгореа во пожар во Куала Лумпур

Најмалку 24 ученици и учители настрадале во голем пожар кој избувнал во едно верско училиште, во главниот град на Малезија, Куала Лупмур, пренесе Би-би-си.

developer | 12.10.2017

Исламската држава презеде одговорност за нападот во лондонското метро

„Исламската држава” ја презеде одговорноста за нападот врз лондонското метро, соопштија агенциите, повикувајќи се на информациите што ги шири терористичката организација.

developer | 04.10.2017

Светските медиуми ги потсетуваат Хрватите: Знаете ли вие кој беше Јосип Броз?

Преименувањето на Плоштадот маршал Тито во Загреб предизвика реакции и во водечките светски медиуми, кои изнесоа различни оценки за таа одлука на градските власти во Загреб.