Филипинскиот претседател Родриго Дутерте одговори на поканата на Белата куќа и на неговиот американски колега, Доналд Трамп, да ги посети САД. Дутерте најави дека никогаш нема да ја посети таа земја, која ја смета за нула.
Најновиот и најскап носач на авиони во историјата на САД – „Џералд Форд”- како што се испостави, не е воено способен, соопштува Блумберг, повикувајќи се на документи од американската воена морнарица.
Се сменивме и подготвени сме да се менуваме бидејќи смееме и умееме да направиме чекор напред со кој, од митологија се помунува во иднина, од несреќа во среќа. Oва го кажа на свеченоста по повод инаугурацијата претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Поранешниот чешки претседател Вацлав Клаус рече дека е време Чесите да почнат да се подготвуваат за излегување на нивната земја од Европската Унија.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ја именуваше Ана Брнабиќ, која отворено е хомосексуалка, за мандатар за премиер на Србија.
“Не ми е гајле кој кого колел, Турците се добредојдени во родниот град на Ататурк”. Ова го изјавил контроверзниот во ставовите и успешен градоначалник во Грција, Јанис Бутарис.
Тереза Меј ќе остане премиер на Велика Британија и лидер на Конзервативната партија, и покрај бројните повици, повеќето од нејзината партија, да се повлече.
Србија оформи адвокатски тим што е задолжен за подготовка на тужба против НАТО за материјалните и нематеријалните штети што алијансата ги предизвика во земјата за време на бомбардирањето во 1999 година.
ШПАНИЈА СЕ РАСПАЃА?
Регионалната влада на Каталонија повика денес на референдум за разделување од Шпанија. Одлуката е во спротивност со ставот на официјален Мадрид, кој и понатаму ваквата одлука ја нарекува нелегална и противуставна, а референдумот за независност на Каталонија е закажан за први октомври, јавува Франс прес.
Светските лидери реагираа на одлуката на Доналд Трамп Соединетите американски држави да се повлечат од парискиот договор.
Напаѓачите им ги сечеле вратовите на минувачите, шестмина мртви
Вкупно осум минути траел теророт во центарот на Лондон, во терористичкиот напад во саботата вечерта при кој има шестмина загинати и 48 повредени, јави британската полиција.
Самоубиецот Салман Абеди од Манчестер повеќето делови користени за бомбата ги купил самиот, соопшти полицијата, пренесува Би-би-си.
Животот како мафијаш, член на „јакуза” станал толку тежок, дека некои од нив се впуштат во ситни кражби, за да останат во бизнисот, пренесе Франс прес.
Американски археолози открија на тихоокеанското крајбрежје во северниот дел на Перу артефакти од многу древна цивилизација, која датира од 13 до 8-от милениум пред Христа, пренесоа светските агенции.
Портпаролот на Белата куќа Шон Спајсер го коментираше непријатниот инцидент што се случи меѓу претседателот на САД Доналд Трамп и премиерот на Црна Гора Душко Марковиќ на самитот на НАТО во Брисел.
Шведското Јавно обвинителство соопшти дека ја прекинува истрагата против основачот на „Викиликс”, Џулијан Асанж, во врска со обвинувањата за силување. Шведските правосудни власти ја повлекоа и европска потерница издадена во 2010 година.
При преговорите во Вашингтон со американскиот државен секретар Рекс Тиларсон министерот за надворешни работи на СРГ, Зигмар Габриел, побарал помош за решавање на спорот со Турција, која уште еднаш одби да им даде пристап на членовите на Бундестагот да ја посетат НАТО база „Инџирлик”, пишува весникот Дер Шпигел.
Најстарата внука на јапонскиот цар Акихита (83), принцезата Мако (25), наскоро ќе се сврши и ќе се омажи за „обичен” маж, кој нема „сина крв” и кој е нејзин поранешен колега од токискиот Меѓународен универзитет.