Грција во претходните 35 години од Европската Унија (ЕУ) добила 162 милијарди евра и спаѓа во групата на земји на кои им се доделени најмногу пари во историјата, пренесуваат регионалните медиуми.
Пред триесет години Американците ги вооружуваа муџахедините да се борат против советите, пишува Дојче веле. Денес, според некои извори, Русите ги вооружуваат талибанците за да се борат против Американците. А додека тие играат геостратегиски игри, Авганистан страда.
САД ќе им продадат на своите сојузници Обединетите Арапски Емирати, 160 ракети „Патриот”, во вкупна вредност од околу две милијарди долари.
Во центарот на Берлин, меѓу Бранденбуршката порта и „Чекпоинт Чарли”, Северна Кореја си тера бизнис со помош на кој се финансира бруталниот режим на Ким Џонг Ун.
Околу 200 затвореници на Суматра, остров во Индонезија, ја скршија капијата близу џамијата во рамките на затворскиот комплекс и избегале, соопштија денеска официјални лица. Како што наведуваат, тие ја искористиле утринската молитва за да избегаат, пренесува Танјуг.
Доколку се зголемат даноците, а се направи и кратење на пензиите, земјата може да се спаси од банкрот
Грција постигна договор со европските кредитори за потемелни реформи во замена за нова рата помош која и’ е неопходна на Атина за да го избегне можниот банкрот.
Србија им врачи на амбасадорите на членките на ЕУ „нон пејпер” со четири барања поради тензиите во регионот и „легитимизацијата на проектот голема Албанија”, јавуваат српските медиуми.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, почна офанзива по сите правци против Kанада. Со наметнувањето царина до 20 отсто за канадското градежно дрво тој практично објави трговска војна на главниот економски партнер на САД, пренесува АФП.
Мисијата на Северна Кореја при Обединетите нации соопшти дека Пјонгјанг на целосна војна со САД ќе реагира со нуклеарна војна.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е можно да дојде до голем конфликт со Северна Кореја заради нејзините нуклеарни и ракетни програми, но кажа дека претпочитува спорот да се реши по дипломатски пат, пренесоа британските медиуми.
Американските правосудни власти се подготвуваат за покренување формално обвинение за основачот на Викиликс, Џулијан Асанж и за негово апсење, јавува Си-Ен-Ен, повикувајќи се на извори во Министерството за правда.
Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ побара од Европската унија, САД и Велика Британија да реагираат на изјавите на албанските, косовските и политичарите на трите општини на југот на Србија за обединување со Албанија.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД воопшто не се согласуваат со Русија и оти односите меѓу двете светски сили се на најниско ниво досега.
Северна Кореја да ги запре сите планови за нуклеарни активности и активности со ракети „поради сопствената безбедност”, порача угледниот кинески весник, предупредувајќи дека САД јасно покажуваат дека не планираат да „коегзистираат” со Пјонгјанг кој има нуклеарно оружје.
Русија, Сирија и Иран го предупредија САД против нови напади врз Сирија.
Австралискиот новинар и професор, Пол Антонопулос, тврди дека западната приказна „не држи вода” и оти станува збор за валкана кампања. Антонопулос укажува и на низа недоследности од теренот – како што е реакцијата на т.н. Бели шлемови, сомнителните докази и слично.
Актуелниот српски премиер во оставка и новоизбран претседател Александар Вучиќ се изјасни за создавање на економски и пазарен простор на територијата на поранешна Југославија, кој ќе ја вклучува и Албанија.
Шведската полиција уапси двајца мажи по нападот во Стокхолм во кој се убиени четворица пешаци. Еден од уапсените е осомничен дека е извршителот на терористичкиот напад, односно возачот кој со камионот газеше пешаци.