developer | 19.04.2017

Путин – Климатските промени не ги предизвикува човекот

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека промената на климата е незапирлив процес, но дека не е предизвикана од човечка активност.
На Арктичкиот самит во Архангелск, Путин, исто така, ги повика државите да се прилагодат на глобалното затоплување.

developer | 19.04.2017

Oтстранување на повеќе од 100 тони отпад од Монт Еверест

Непосредно пред почетокот на новата сезона на искачување на највисокиот врв на светот, Монт Еверест, се бараат планинари кои ќе учествуваат во акција за чистење на повеќе од 100 тони отпад и стара опрема која е фрлена и оставена на патеките.

developer | 05.04.2017

Русија е сè посилна на Балканот, можен е вооружен судир…

Германскиот политичар Дејвид МекАлистер тврди дека не е исклучено на подрачјето на Западен Балкан повторно да дојде до вооружен конфликт. Членот на германската владеачка партија „CDU”, за германски „Die Zeit” изјави дека Европската унија во догледно време нема да прима нови земји членки, но е заинтересирана зем­јите од Западниот Балкан да бидат политички и економски стабилни.

developer | 03.04.2017

Кина развива напреден вселенски брод за мисии на Месечината

Кина развива нов напреден вселенски брод, кој ќе може да лета во ниска Земјина орбита и да слета на Месечината, вели кинескиот весник Наука и технологија.

developer | 28.03.2017

Се најале, се напиле и побегнале – групно бегство на 120 Романци од ресторан

Дури 120 Романци побегнале од ресторан без да платат за услугата.
Несекојдневниот настан се случил во ресторанот Ел Кармен, во градот Бембибре, во северна Шпанија, каде што Романците славеле крштевка.

developer | 28.03.2017

Харадинај останува во Франција

Апелацискиот суд во францускиот град Колмар за 6 април го одложи донесувањето одлука за барањето на Србија за испорачување на Рамуш Харадинај поради сомневање дека извршил воени злосторства на Косово.

developer | 28.03.2017

Кога Данците бараат дел од Германија

Во срцето на Европската Унија во текот на годината кога се германските избори, од моќните дански десничари пристигна барање за промена на границите. Тие сакаат на германскиот остров Силт да се виори – данско знаме.

developer | 24.03.2017

ВУЧИЌ: Ја прашав Могерини „Што би било ако реагиравме во БиХ како сега Албанците во Македонија?“ – Еве што одговори

По средбата со високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини, премиерот на Србија Александар Вучиќ одржа прес-конфенција за медиумите на која во најголем дел одговараше на прашања поврзани со средбата.

developer | 21.03.2017

Местата, кои привлекуваат милионери

Во 2016 година 82 илјади милионери ја напуштиле својата татковина и се преселиле во друга земја, покажуваат податоците на New World Wealth, цитирани од CNBC. Нивниот број се зголемува значително – во 2015 година 64 илјади милионери ја напуштиле својата земја.

developer | 20.03.2017

Ким Jонг-нам убиен со смртноносен нервен агенс Ве-Икс

Малезиската полиција соопшти дека полубратот на севернокорејскиот лидер Ким Jонг-ун, Ким Jонг-нам е убиен со хемиски нервен агенс Ве-Икс (VX), кој е пронајден во неговото тело и сега истражува како таа хемикалија влегла во земјата.

developer | 17.03.2017

Вучиќ предлага формирање слободна трговска зона и Царинска унија во Западен Балкан

Станува збор за идеја која, како што објасни самиот Вучиќ, има за цел да ги „зближи нашите територии” и да се олесни минувањето на стоките.
Српскиот премиер Александар Вучиќ на австрискиот канцелар Кристијан Керн му предал „документ” за формирање слободен трговски пазар и Царинска унија во Западен Балкан, јави Танјуг.

developer | 17.03.2017

ВО ИРАН АПОКАЛИПСА, УМИРААТ ЛУЃЕ: Силни снежни врнежи, поплави и песочни бури ja зафатија земјата

Песочни и снежни бури предизвикаа поплави во Иран. Лошите временски услови во земјата го нарушија вообичаениот ритам на живот на жителите во северниот и јужниот нејзиниот дел.

developer | 17.03.2017

Жената била измамена да го убие полубратот на Ким Јонг-ун

Жената осомничена за вмешаност во атентатот врз братот на Ким Јонг Ун била убедена дека се работи за шега во рамки на некое реално шоу, за што, наводно, и’ биле понудени само 100 долари за нападот врз Ким Јонг Нам.

developer | 22.02.2017

Чикаго ги брои мртвите, Трамп се заканува

Американскиот претседател Доналд Трамп ги предупреди властите на Чикаго дека ќе испрати федерални сили доколку не успеат да го намалат нивото на криминал во градот.
Најголемиот град на државата Илиноис веќе со години важи за „воена зона”, а во јавноста наместо неговото име често се користи погрдното име Чирак (Chiraq), со што се алудира дека во тој град има убиства и оружени пресметки како во Ирак.

developer | 22.02.2017

Меј го повика Трамп да ги обнови специјалните односи меѓу Велика Британија и САД

САД и Велика Британија имаат одговорност да воспостават специјални трансатлантски односи на почетокот на една нова ера и се должни повторно заедно да го водат светот, изјави британската премиерка Тереза Меј, која е во првата посета на САД, како премиер.

developer | 22.02.2017

Горбачов: Светот изгледа како да се подготвува за војна

Михаил Горбачов во списанието Тајм пишува дека критикуваните политичари ги откинуваат парите за социјалните потреби и наместо за нив, ги трошат за подморници што имаат капацитет да разнесат половина континент.

developer | 07.02.2017

Мексиканскиот нарко лорд Ел Чапо екстрадиран во САД

Познатиот мексикански нарко лорд Хоаким Гузман, познат по прекарот Ел Чапо е екстрадиран во САД, соопштија мексиканските власти.
Домашните медиуми претходно открија дека Ел Чапо бил префрлен на аеродромот во мексиканскиот пограничен град Сиудад Хуарез.

developer | 07.02.2017

Трамп замрзна дел од регулативите донесени од Обама

Една од првите одлуки што ги донесе американскиот претседател Доналд Трамп откако стапи на функцијата е да замрзне голем број од новите регулативи што ги донесе неговиот претходник Барак Обама.