Четирите деца, кои беа прогласени за исчезнати, се спасени, потврди италијанскиот Црвен крст, откако во текот на квечерината биле спасени три деца. Десетиците спасувачи, кои неуморно го пребаруваат хотелот „Ригопиано”, кој беше затрупан од снег по лавината, по 48 часа од несреќата пронајдоа десет преживеани лица.
Варшава – Американски тенкови и оклопни возила со повеќе од 3.000 војници почнаа да пристигнуваат во Полска, јави Би-би-си. Тие се дел од одговор на американскиот претседател Барак Обама на загриженоста на НАТО-сојузниците поради Русија.
По повеќе од половина век, водата во Црното Море кај Бургас, одново замрзна, јави БТА.
Во турскиот Парламент дојде до тепачка меѓу пратеници на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) и на опозициската Репбликанска народна партија (ЦХП), во текот на гласањето околу предложените уставни реформи со кои треба да се зајакне позицијата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган.
Египетските власти уапсиле 45 доктори, медицински сестри и посредници на осомничените за илегална трговија со човечки органи.
Уапсените купувале органи од бегалците кои продавале делови од телото за да го финансираат својот пат во Европа. Полицијата во големата рација запленила неколку милиони долари.
Државниот секретар на САД, Џон Кери, на министерскиот состанок на ОБСЕ во Хамбург предупреди дека на многу места во регионот на ОБСЕ растат авторитарните размислувања, се уназадуваат човековите права, се ограничуваат независните медиуми и се множат актите на нетрпеливост и омраза. „Сите ние треба да бидеме свесни за опасноста од авторитарниот популизам”, рече Кери повикувајќи ги ОБСЕ да реагираат секогаш кога ќе им се оспорат правата на луѓето на слободен печат, на верски слободи, на политичка отвореност, на транспарентност во владеењето и на развој на граѓанско општество.
Проблемот започнал зашто хрватската претседателка во градинка во Дубровник на дечињата им поделила чоколади од српска фабрика Српскиот претседател Томислав Николиќ изјави дека извинувањето на хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ до родителите чии деца добија чоколади од српска фабрика, е „јасен знак дека таа држава не сака добри односи со Србија”.
И покрај големите муслимански протести пред Kолосеумот против затворањето на нелегалните џамии, римската полиција продолжи со затворање на таканаречените „гаражни џамии”, а сега муслиманите се закануваат дека ќе влезат во базиликата „Свети Петар” за да се молат таму, пренесува „Брејтбарт”.
Со победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД, Меланија стана прва дама на највлијателната држава во светот. 46-годишната Словенка ќе го заземе местото на Мишел Обама во Белата куќа на 20 јануари следната година.
Иако американскиот интерес ќе биде на прво место ќе најдеме начин да соработуваме со сите држави, рече Трамп.
Велика Британија треба да ја стави на гласање во Парламентот одлуката за излегување на земјата од Европската Унија пред официјално да го започне процесот за брегзит, пресуди Врховниот суд на Лондон.
– Моето срце е толку широко, колку тоа на Ердоган. И Одрин (Едрене), Лозенград, Лулебургас, Дедеагач, Кавала, Охрид, Битола, Скопје се во моето срце. Така директорот на Националниот историски музеј Божидар Димитров ја прокоментира изјавата на турскиот претседател Реџеп Ердоган кој изјави дека “не може да мисли поинаку за наведените градови (и уште ред други) кои сега се надвор од Турција – освен како за турски градови”.
Рускиот претседател Владимир Путин на состанокот на Советот за меѓунационални односи остро ја критикуваше европската политика кон мигрантите, а како една од причините зошто на таквата политика не треба да се придржуваат го наведува случајот со силувањето на десетгодишното момче на базен во Австрија.
Плочата на која бил положен е дел од градбата која се нарекува едикула, што претставува всушност капела од остатоци на пештера, во која било положено телото на Исус Христос по распнувањето
Гасот и нафтата отсекогаш биле жариште на проблемите на Блискиот исток, пишува италијанскиот весник „Il Sole 24 Ore”, истакнувајќи дека причината за војната во Сирија е всушност моќен гасовод
САД можеби сè поблиску до нуклеарна војна со Русија по зголемувањето на нивната подготвеност за одбрана при напад, пренесува британски „Експрес”.
Претседателите на Турција и Русија, Реџеп Таип Ердоган и Владимир Путин, за време на средбата во Истанбул, разговараа и за можно формирање на заеднички систем за противракетна одбрана, но деталите за соработка по ова прашање ќе се дефинираат во наредниот период, изјави синоќа портпарол на турскиот претседател Ибрахим Калин.
Силите кои ги обучувала турската војска на северот од Ирак ќе учествуваат во планираната операција против ИСИС во Мосул, јавија турските медиуми. Агенцијата „Анадолија”, повикувајќи се на неименувани официјални лица, наведе дека таа операција најверојатно ќе биде започната за неколку дена, ако „не дојде до некој непредвиден развој на настаните”.