Опсервациите на глечерот не оставаат простор за сомневање дека глобалното затоплување е реално. Словенечката агенција за животна средина во Љубљана беше отворена изложба по повод одбележувањето на 70-годишнината од редовното следење на глечерот Триглав и исто така да се предупреди на фактот дека тој и натаму се намалува како резултат на глобалното затоплување.
Во Црна Гора продолжува интензивната градба на нови станови наменети на чудниот пазар, кој во последно време го губи здивот, пишуваат балкански медиуми. За становите во новите модерни згради, кои ги има најмногу на будванската ривиера, интересот е многу слаб. Новоизградените повеќекатници се со многу станови, бидејќи слободни плацови има сè помалку. Чекаат купувачи, кои ова лето ги има во сè помал број.
Заштитата на серверите на Националниот комитет на Демократската партија (DNC) е толку слаба што наликува на швајцарско сирење за што сведочат честите хакирања, смета основачот на WikiLeaks, Австралиецот Џулијан Асанж во интервјуто за телевизијата RT, појаснувајќи од каде можеле да се појават ткн „руски траги” во неодамнешниот кибернетички напад по што следеа оставки на четворица влијателни партиски функционери.
Колонијалната историја на Франција и воениот ангажман во борбата против муслиманите во странство укажуваат на подлабоки причини за убиствените напади.
Почнувајќи од јануари 2015 година, напаѓачите кои биле под влијание на Исламската држава убија 235 луѓе во Франција, што е далеку најголема бројка на терористички жртви во западниот свет.
Филипинскиот претседател Родриго Дутерте му вети на народот дека ќе се ослободи од криминалците и од трговијата на дрога, поради кои умираат сè повеќе луѓе. Меѓутоа, тој не мислеше „да ја преземе работата во свои раце”, туку им предложи на жителите тие да ги убиваат дилерите, а за возврат ќе добијат вредни парични награди.
ШТО ДА Ѝ ПОДАРИТЕ НА ДРЖАВА КОЈА ИМА 188 ИЛЈАДИ ЕЗЕРА?
Норвешката влада размислува да ја помести границата до Финска, со што на соседната држава ќе ѝ даде планина, како подарок за 100-годишнината од нејзината независност, објавуваат светските медиуми.
Германскиот весник Билд ја објави првата фотографија на која вели дека се гледа убиецот што во петокот нападна во трговскиот центар Олимпија во Минхен.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган бил предупреден од страна на Русија за подготовките за преврат во Турција, неколку часа пред почетокот на случувањата, соопшти иранската информативна агенција „Фарс”.
Директорот на ЦИА, Џон Бренан, несомнено одиграл улога во неуспешниот обид за воен удар во Турција на 15 јули, смета Лоренс Вилкерсон, поранешен шеф на канцеларијата на поранешниот државен секретар на САД, Kолин Пауел.
Според извештаите на турските медиуми, владата планира да формира специјален суд за осомничените бинтовници и да биде изграден посебен затвор за осудените.
Турскиот премиер Бинали Јилдирим на прес-конференција во Анкара изјави дека во обидот за државен удар загинале 161 лице, а 1.440 се ранети. Тој истакна дека сепак овие бројки за сега не се финални.
Хронологија на терористички напади во Франција во изминатите години:
Бројот на загинати во терористичкиот напад во Ница, јужна Франција, што се случи на 14 јули се искачи на 84. Податоците од Министерството за внатрешни работи покажуваат дека 18 од повредените се во критична состојба. Меѓу загинатите и повредените има и многу деца.
Инцидентот на граница на тепачка меѓу пратениците од црногорската власт и опозицијата, кој се случи во црногорското собрание, сè уште е главна тема во црногорските медиуми.
Вкупно пет сезони, почнувајќи од втората, на најпопуларната филмска серија „Игра на тронови” се снимени во еден од најубавите градови во Хрватска -Дубровник.
Довчерашните херои на брегзит, сега се жални херои на денешницата, порача првиот човек на Еврокомисијата, Жан Клод Јункер, упатувајќи остри критики до британските политичари Најџел Фараж и Борис Џонсон.
Британскиот премиер на заминување, Дејвид Камерон изјави дека Велика Британија во наредниот период ќе се соочува со „разбранувано море”.
По одлуката на мнозинството Британци за Брегзит, Европската комисија планира да ја лансира идејата сите земји членки на ЕУ да го воведат еврото како национална валута, објави лондонскиот весник „Дејли Експерс”.