developer | 11.07.2016

Путин го продолжи ембаргото на увоз на храна од Запад до крајот на 2017 година

Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша указот со кој за 1,5 година, до 31 декември 2017 година, се продолжува ембаргото на прехранбени производи од Запад, пренесоа светските агенции.

developer | 04.07.2016

Барања за референдуми во Италија, Холандија…

Одлуката на Бри­та­нија да ја напушти ЕУ, покрена домино ефект во неколку европски држави како Италија, Франција и Холандија каде десничарски партии и евроскептици веднаш излегоа со барања за референдуми и во нивните држави.

developer | 04.07.2016

Дејвид Камерон најави оставка

Британскиот премиер Дејвид Камерон објави дека во октомври ќе се повлече од премиерската функција, како резултат на одлуката на Британците на вчерашниот референдум за излез на Велика Британија од ЕУ, јави Би-Би-Си.

developer | 04.07.2016

Британците гласаа за Brexit

Несфатливото се случи: мнозинството Британци сака да ја напушти ЕУ. Сепак, Унијата не би требало да дозволи да биде водена од одмазднички пориви, оценува Кристоф Хаселбах за “Дојче веле”.

developer | 04.07.2016

Хилари го победува Трамп со неговото најсилно оружје – парите

Во изборот на нов претседател на САД голема улога имаат парите, а во моментов далеку повеќе ги има Хилари: 42 милиона наспроти 1,3 милион долари на сметката на Доналд Трамп. Ова воедно е и најголемиот финансиски јаз меѓу двајца претседателски кандидати во историјата на САД, пишува „Политико”.

developer | 04.07.2016

Тајванско решение за Косово!

Бесмислено е малото Косово да биде пречка за интеграцијата на Србија во ЕУ, а од Белград да се очекува недвосмислено да го признае.

developer | 04.07.2016

Путин: Предупредивме и го направивме! Ги имаме најдобрите нуклеарни вооружувања

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија има постигнато значаен успех во модернизацијата и развојот на ударните нуклеарни оружја и во развојот на системи за надминување на заканите, пренесе ТАСС.

developer | 04.07.2016

Германија го обвини НАТО за поттикнување војна со Русија

Германскиот министер за надворешни работи, Франк Валтер Штајнмаер остро го критикуваше НАТО за демонстрирање агресија и поттикување судир со Русија, објави весникот „Билд”.

developer | 25.06.2016

За силување на туристка – пет доживотни казни

Суд во индискиот главен град Њу Делхи осуди пет лица на доживотна казна затвор за групно силување на жена од Данска. 52-годишната туристка била ограбена и силувана под закана со нож во јануари 2014 година.

developer | 25.06.2016

Бернард Џенкин: Апсолутно лудило со списокот!

РЕФЕРЕНДУМ ВО БРИТАНИЈА
На помалку од две недели пред британскиот референдумски ден, на кој ќе се одлучува дали Kралството излегува или останува во Европската Унија, избирачкиот список стана централен проблем.

developer | 25.06.2016

Главата на руски компјутерски експерт ќе биде пресадена на друг човек

ЗА 2017 ГОДИНА ЗАКАЖАНА НАЈКОМПЛИЦИРАНАТА ОПЕРАЦИЈА ДО СЕГА
Русинот Валери Спиридонов, кој страда од фатално заболување, ќе стане првиот човек во светот, чијашто глава треба да биде пресадена на друго тело, објави списанието Њу Сајнтист.

developer | 15.06.2016

ЕУ се премислува за санкциите против Русија

Берлин – Не е тајна дека некои земји членки на Европската Унија се скептични во однос на продолжување на санкциите против Русија поради украинската криза и неизвесно е дали Унијата ќе одлучи санкциите да бидат обновени, изјави германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер.

developer | 15.06.2016

Ештон Картер: Кина ризикува да западне во самоизолација

Американскиот секретар за одбрана Ештон Картер ја предупреди Кина дека ризикува да западне во самоизолација и го повика Пекинг да се приклучи кон „една принципелна безбедносна мрежа во Азија”.

developer | 15.06.2016

Чешкиот претседател би ги ангажирал и пожарникарите за заштита на границата

МИЛОШ ЗЕМАН ДЕНОВИВЕ ДОАЃА ВО ОФИЦИЈАЛНА ПОСЕТА НА МАКЕДОНИЈА
Чешкиот претседател Ми­лош Земан во случај на зголемување на мигрантскиот бран за заштита на границите на земјата би ги ангажирал и пожарникарите, јави дописникот на МИА од Прага.

developer | 15.06.2016

Поранешниот романски министер за внатрешни работи осуден на три години затвор

Поранешниот романски министер за внатрешни работи Габриел Берка е осуден на три години затвор поради злоупотреба на службената положба.

developer | 15.06.2016

Американската војска се уште ги користи флопи дискетите

Многу светски државни агенции имаат лошо реноме поради континуираното користење на застарена технологија како што е факсот, но една американска институција ги надминува сите граници.

developer | 15.06.2016

„Мајкрософт“ и „Фејсбук“ ќе постават „супер“ кабел во Атлантикот

„Мајкрософт” и „Фејсбук” најавија заеднички проект за поставување на подводен кабел во Атлантскиот Океан, кој според двете технолошки компании ќе има рекордно голем капацитет за пренос на податоци, пренесе ДПА.

developer | 13.06.2016

Песков: Приемот на Црна Гора во НАТО води до тензии во Европа

Иницијативата на НАТО за прием на Црна Гора, може да доведе до натамошно зголемување на тензиите во Европа, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.