Специјалните служби на Русија и на Kазахстан спречиле терористички напади на руска територија, слични на 13-ноемвриските во француската престолнина Париз кога џихадистите на екстремната сунитска групација Исламска држава убија 130 луѓе, изјави во четвртокот во Минск директорот на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), Александр Бортников.
Венецуелскиот претседател Николас Мадуро ја продолжи за 60 денови вонредната економска состојба во државата.
Привремениот претседател на Бразил, Мишел Темер и се обрати на нацијата откако Сенатот ја суспендира претседателката Дилма Русеф поради истрагата за местењата на државниот буџет, пренесува Би-би-си.
САД го активира во четвртокот противракетниот штит во Европа речиси деценија откако Вашингтон предложи на партнерите од НАТО да ги заштити од ирански ракети со среден дострел (до 3000 км).
Kога саудискиот крал Салман бин Абдулазиз ал Сауд го наследи починатиот крал Абдула, американскиот амбасадор го фалеше новиот владетел велејќи дека односите меѓу Вашингтон и Ријад ќе се зајакнат поради мудроста и храброста на новиот крал.
Лабуристичкиот политичар Садик Кан победи на минатонеделните избори за градоначалник на Лондон, со што стана првиот муслиман кој тоа го сторил во големата европска престолнина.
Европските земји што ќе одбијат да го поделат товарот од бегалската криза, ќе мора да платат околу 250.000 евра по бегалец, објавија „Фајненшел тајмс” и „Политико”.
Милиони документи, кои беа откриени со скандалот „Панамски документи”, ќе бидат достапни за јавноста на 9 мај, соопшти Меѓународниот конзорциум на истражувачките новинари, кој ги распредели документите за анализа меѓу медиумите, што членуваат во него.
Жестоки судири избија во четвртокот во повеќе француски градови во кои има тешко повредени и десетици уапсени на протестите во кои учествувале најмалку 170.000 работници и студенти против предложениот закон за труд, пренесува „Раша тудеј”.
Бугарската полиција ја поддржаа забраната истакнувајќи дека истата била потребна затоа што бурките кои што го прекривале лицето ја оневозможувале брзата идентификација.
Овен Патерсон, поранешен британски министер од редовите на британската владејачка Kонзервативна партија, алудира дека мнозинството во партијата, кое е за излез на Британија од ЕУ, ќе се обиде да го отстрани Дејвид Kамерон, кој е лидер на истата партија, од премиерската функција по референдумот, без разлика на резултатите, пишува британски „Експрес”.
Вооружената група Курдска работничка партија (ПКК) побарала примирје со турската влада пред неколку месеци, но тоа било одбиено од Анкара, изјави лидерот на прокурдската опозициска партија во Турција, Селахатин Демирташ.
Судот во Осло пресуди дека Андрес Брејвик бил затворен во „нечовечки и понижувачки” услови во затворот во кој одлежува казна за убиство на 77 луѓе пред пет години, а скандинавската влада сега ќе мора да му ги плати судските трошоци од 330.000 круни (13.900 долари).
Кина и САД, двата најголеми загадувачи на светот, потпишаа договор за климата на свечена церемонија во седиштето на Обединетите нации во Њујорк.
Американскиот претседател Барак Обама патува во Саудиска Арабија. Односите меѓу двете земји не се блиски како некогаш. Интересите им се различни.
Европол во својот последен извештај предупреди на порастот на малициозни програми кои кружат низ системот на банкомати и тврди дека се во опасност сите што ги користат.
Десетици илјади луѓе беа евакуирани по силниот земјотрес што го погоди јужниот дел на и десетиците последователни потреси по главниот удар.
Ниски примања од продажба на нафтата, санкции и структурни проблеми – Русија е во економска криза, а државните резерви се топат. Но, и покрај тоа конфликтите со Запад би можеле да се зголемат.