developer | 04.02.2016

Членките на НАТО бараат одржување состанок на Советот НАТО-Русија

Земјите од Северно­атлантската алијанса сакаат да ја поканат Москва кон крајот на февруари или почетокот на март на дијалог во рамки на Советот НАТО-Русија, кој не е свикан повеќе од 20 месеци поради кризата во Украина, изјавија дипломати, јави БТА. 

developer | 04.02.2016

Бугарија ќе воведе електронско гласање на изборите

Бугарскиот парламент даде зелено светло да се воведе електронско гла­сање, потег што се очекува да им помогне на Бугарите кои живеат во странство да го дадат својот глас на идните избори и да ги поттикне младите и образовани луѓе да гласаат.

developer | 04.02.2016

Во морињата до 2050 ќе има повеќе пластичен отпад од риби

До 2050 година во светските мориња ќе има повеќе пластичен отпад отколку риби, доколку не се преземат итни мерки тоа да се спречи, предупредуваат научниците од Фондацијата Елен Мекартур. 

developer | 19.01.2016

Новогодишни сексуални напади и во Финска, Австрија и Швајцарија

Нападите врз жени во Келн и Хамбург за време на новогодишната прослава не биле изолиран инцидент само во Германија. Слични напади се регистрирани и во Финска, Австрија и Швајцарија, а сценариото било многу слично, пишува Дојче веле.

developer | 19.01.2016

Каква „бомба“ тестираше Северна Кореја

Експлозијата била со еквивалент на помалку од 10.000 тони ТНТ, што е помалку од атомските бомби фрлени врз Хирошима и Нагасаки

developer | 19.01.2016

Напад во Египет – избодени туристи

Двајца осомничени екстремисти со нож нападнале и раниле тројца странски туристи, двајца Австрици и еден Швеѓанец, во хотел на брегот на Црвеното Море, во Хургада, соопшти египетското министерство за внатрешни работи.

developer | 14.12.2015

Путин се закани на Турција

За време на обраќањето до нацијата рускиот претседател најави неспецифицирани акции покрај постоечките санкции. 

developer | 14.12.2015

Босанските муслимани бараат заштита од исламскиот радикализам

Босанските муслимански интелектуалци, политичари и религиозни лидери, упатија заеднички повик против исламскиот екстремизам и радикализирањето на муслиманската заедница и изразија одлучност да го заштитуваат умерениот ислам во БиХ, пренесе БТА. 

developer | 14.12.2015

На сириските деца им трулат телата

Болеста позната како лишманијаза често се појавува во Сирија при што на луѓето им трули месото на телото. Се претпоставува дека главната причина се мртвите тела кои џихадистите ги фрлаат по улиците, а на кои се развиваат паразити. Тие паразити до здравите луѓе ги пренесуваат мувите. 

developer | 14.12.2015

И со нафта на лицето Ердоган нема да признае!

МОСКВА ПРЕЗЕНТИРАШЕ СВОИ ДОКАЗИ ЗА ТУРСКОТО ЗАМЕШАТЕЛСТВО ВО ШВЕРЦ НА НАФТА СО ИСИЛ

Турското раководство, вклучително и претседателот Реџеп Таип Ердоган и неговото семејство се вклучени во илегалната трговија со нафта со милитантите на Исламската држава, рече на брифинг пред повеќе од 300 новинари и 90 воени аташеа од 56 земји Анатолиј Антонов, заменик-министер за одбрана на Русија.

developer | 14.12.2015

НАТО апелира на смирување на тензиите меѓу Турција и Русија

Советот на НАТО одржа вонреден состанок во врска со соборувањето на рускиот авион од страна на турски ловец, на кој е оценето дека треба да се постигнат и да се почитуваат договори за избегнување вакви инциденти во иднина. 

developer | 14.12.2015

Ердоган сака да се смири со Путин: Побарал состанок во Париз, се чека одговор на рускиот претседател

Кремљ соопшти дека претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, побарал состанок со рускиот претседател Владимир Путин во Париз на 30 ноември. 

developer | 14.12.2015

Соборениот руски авион не добил предупредување, тврди преживеаниот пилот

Соборениот руски бомбардер Су-24М крај турско-сириската граница не добил никакви предупредувања од турска страна за нарушување на воздушниот простор, изјави преживеаниот пилот Константин Мурахтин. 

developer | 12.12.2015

Поп со камбани го испратил починатиот оџа, а владиката го сменил

Попот Пантелиќ и оџата Мохоровиќ соработувале и имале голема взаемна почит. Оџата доживеа 92 години, а погребан е во харемот на блис­ка­та џамија во Пурачиќ. На неговиот погреб присуствувал и православниот свештеник. 

developer | 12.12.2015

Перу и подари на Боливија излез на море

Во свет во кој војните и одземањето на територии почнувале поради банални работи, како бајка или виц, одекна вест дека Перу решил да и отстапи на соседна Боливија дел од своето крајбрежје, за Боливија да добие излез на отворено море.

developer | 25.11.2015

Руски авион со над 200 патници се урна во Eгипет

Руски патнички авион се сруши во Синај, соопшти египетскиот премиер Шариф Исмаил. Руските медиуми објавија дека во авионот имало 224 лица и дека пилотот на авионот Ербас А321 преку радио побарал итно да слета на најблискиот аеродром, пред да се изгуби контакт со авионот. 

developer | 25.11.2015

Дали сте среќни во Дубаи и зошто не?

Ако во Дубаи кажете дека сте несреќни, можно е полицијата да ве повика за да ве праша зошто, како дел од новото истражување. 

developer | 23.11.2015

На ЕУ и се заканува распаѓање поради бегалската криза

На Европската унија и се заканува распаѓање доколку адекватно не одговори на најлошата бегалска криза на стариот континент уште од Втората светска војна, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.