Јапонската влада има намера да ја продолжи вонредната состојба, воведена поради корона вирусот, во Токио и други области за три недели, бидејќи бројот на заразени сè уште е висок, изјави министерот за економија, Јасутоши Нишимура.
Министерот за капитални инвестиции во црногорската влада Младен Бојаниќ кажа дека поставувањето на првата нафтена платформа во Јадранското Море е добар проект кој би ѝ помогнал на Црна Гора.
Владејачката воена хунта во Мјанмар ги укина сите безжични интернет услуги во обид да ја стават под контрола комуникацијата и пораките во земјата.
Дури 386 големи бродови со контејнери, танкери за нафта и бензин како и превозници на жито чекаат да бидат деблокирани откако големиот товарен брод „Ever Given” се заглави во Суецкиот канал, Блокадата предизвика проблеми во глобалната трговија.
Светот нема да се врати во нормала до крајот на 2022 година, што е катастрофа која можеше да се избегне доколку светските лидери инвестираа во тестирање на самиот почеток на пандемијата, смета филантропот и милијардер Бил Гејтс.
Фармацевтската компанија „АстраЗенека” соопшти дека огромните количини на нејзината вакцина пронајдени за време на инспекцијата на една фабрика во Италија се наменети за земјите од Европската Унија и како донација за сиромашните држави во рамките на КОВАКС механизмот, со кој раководи Светската здравствена организација.
Ентони Блинкен ја искористи својата прва посета на Брисел како американски државен секретар за да ја приитисне Германија да се откаже од гасоводот „Северен тек 2″ и им се закани со нови санкции на сите вклучени бизниси.
Магазинот „Тајм” ги прогласи Џо Бајден и Камала Харис за Личности на годината. Американскиот претседател Џо Бајден соопшти дека ќе учествува на следните претседателски избори во 2024 година.
Медиумите во Србија известуваат за големи гужви на Белградскиот саем каде се спроведува масовна вакцинација.
Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека е потребно да се користи руската вакцина „Спутник 5″ против корона вирусот во Европската унија, а доколку ЕУ не донесе одлука за купување, Германија ќе го стори тоа самата.
Кина го олеснува влезот на странци кои биле вакцинирани со кинески вакцини против коронавирус, откако пред повеќе од една година ги затвори своите граници за меѓународните посетители, заради КОВИД-19.
Русија го повика својот амбасадор во САД назад во Москва за консултации за иднината на руско-американските односи по изјавата на американскиот претседател Џо Бајден дека Владимир Путин „ќе ја плати цената” за наводното мешање во американските избори, а на прашањето дали смета дека Путин е убиец одговори потврдно.
Откако испратија специјален тим во Кина со цел да спроведе исцрпна истрага за тоа како всушност започна пандемијата на новиот коронавирус во оваа азиска држава, истражувачите на Светската здравствена организација (СЗО) веруваат дека конечно сфатиле каде и како првично се раширил вирусот SARS-CoV2.
Постојат „силни знаци” дека во наредните денови може да дојде до вулканска ерупција, поради постојана сеизмичка активност на планината Кеилир, 30 километри од Рејкјавик, јавија исландските медиуми.
Филипинската амбасадорка во Бразил е разрешена откако било откриено дека со месеци тепала една од своите куќни помошнички во официјалната резиденција.
Сопругот на кралицата Елизабета Втора, британскиот принц Филип кој има 99 години, имаше операција на срцето по инфекција.
Новиот шеф на американската дипломатија Ентони Блинкен кажа дека натпреварувањето со Кина е „најголемиот геополитички предизвик на 21 век” за Соединетите Американски Држави и нивните сојузници, опишувајќи ги дипломатските приоритети на претседателот Џо Бајден.
Гугл веќе со години вели дека нивните роботи кои возат автомобил се многу подобри и побезбедни возачи од луѓето.