Честитки за нашите Комити

ПОЛУФИНАЛЕ ЗА КУПОТ НА ШАМПИОНСКАТА ТИТУЛА НА ПРЕМИЕР ЛИГАТА НОВ ЈУЖЕН ВЕЛС

Сиднеј Јунајтед  – Рокдаел Илинден – продолжение 2-2, пенали  3-4, регуларно време 2-2 (1-0)

Комитите уште еднаш покажаа дека се меѓу најдобрите фудбалски екипи во Премиер лигата на Нов Јужен Велс, секако тоа е благодарение на големата и макотрпна работа на управата со  претседателот Пол Горески и човекот кој ги изведе вистинските фудбалски потези, Златко Аџиоски. Тука секако е и тренерот Бранко Чулина, кој за само една сезона направи силна екипа што се пласира  во  финалето.

Илинденци по гладијаторската борба заслужено се пласираа во големото финале на Премиер лигата на Нов Јужен Велс. По два порази од екипата на Сиднеј Јунајтед Комитите конечно им се реваншираа,  и тоа во вистински момент кога требаше да се води битката за големото финале. Во  финалето Комитите в недела, на 15 септември,  ќе се сретнат со екипата на Бониринг Бели Орли.
Од почетокот  на играта се почувствува дека двете екипи се добро подготвени. Сиднеј Јунајтед дојде до првиот гол во 18 минута од пенал.  Лука Главас сигурно биеше од белата точка за 1-0. По неколкуте шанси за голови сепак се отиде на одмор со овој резултат.

Само што започна второто полувреме Илинденци преку брзиот Алек Урошевски изедначија  на 1-1 во 46 минута. По овој  гол тие се ослободија  на теренот и наметнаа  свој ритам на игра. Во 77 минута главниот судија досуди пенал во корист на Комитите од кој Никола Танески постигна  гол и Комитите дојдоа во водство  од 1-2. Кога сите мислеа дека Комитите се со едната нога во финалето, во 92 минута Сиднеј Јунајтед изедначи на 2-2 преку Билиќ. Потоа се отиде на продолженија од двапати по 15 минути но резултатот остана 2-2. По нерешениот резултат се пристапи кон изведување на пенали.  Јунак на натпреварот за Комитите беше голманот Барцена кој одбрани на двапати и тоа беше и победа за Комитите. Голема радост на верните навивачи кои заедно со еден од спонзорите, Бенино Крис Трајчески, ја отпеаја КАЧИ СЕ  МОМЧЕ ГОРЕ НА ТЕРАСА,  ДА ЈА  ВИДИШ ИЛИНДЕНСКАТА РАСА.

Претседателот Пол Ѓорески,  по натпреварот изјави:  Денес се чувстувам горд Македонец и горд Комита, честитки до моите фудбалери за се што направија во сезоната 2013, честитки до нашите спонзори, навивачи и секако  управата. Знаевме што сакавме од почетокот на сезоната и нашата визија се исполни, да завршиме во финалната петка. Сега ни остана  финалето, сакам да ги поздравам сите наши Македонци каде и да се ширум Австралија и да ги поканам да дојдат на големото  финале во кое ќе играме со екипата на Бонириг.

ПОЛУФИНАЛЕ ЗА КУПОТ НА ШАМПИОНСКАТА ТИТУЛА НА ПРЕМИЕР ЛИГАТА НОВ ЈУЖЕН ВЕЛС

Останати вести