Четири коњички групи се упатија кон Мечкин Камен во чест на најголемиот национален празник Илинден

Осумнаесет коњаници од Горно Лисиче годинава тргнаа на пат кон Крушево. Првиот коњички марш од Скопје до Крушево се одржал во 1978 година од страна на тројца патриоти од Горно Лисиче.

Во 1998 година е обновен и од тогаш до сега, традиционално од црквата “Св. Петар и Павле” почнува овој Илинденски коњички марш. Интересот секоја година е се поголем, но бројот на коњаници се одредува во зависност со буџетот со кој располагаат.
Годинава Драгана е единствената девојка од Скопје, а ова и е четврти марш.
На 31 јули скопските коњаници ќе стасаат во Крушево. Таму ќе се спојат со коњаницатите од Кичево, Маврово/Гостивар и Свети Николе и сите заедно на 2 август ќе отидат на Мечкин Камен да положат цвеќе на нашите илинденци.
И коњаницата „Бигорски Манастир – Патот на црешовото топче” по единаесетти пат тргна кон Крушево во чест на големиот национален и државен празник Илинден. Тие го оживуваат сеќавањето на првото црешово топче испртено кај востаниците во 1903.
Коњаницата годинава ја предводи пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи, а во редовите на коњаниците најмлад е 10-годишниот Петар од Крушево.
Во Бигорскиот манастир свечено положија заклетва и со благослов на игуменот, владиката Партениј, својот марш го продолжија кон Крушево.

Останати вести