Во финалето од годинешното првенство нашите Лавови од Бенкстаун Сити загубија од Нордерн Тајгерс со 1–2.
Иако на полувремето беше нерешено без голови сепак на крајот малкуте навивачи на Тајгерс се радуваа на минималната победа која им ја донесе шампионската титула за оваа сезона.
Од друга страна женските тимови на Бенкстаун Сити во сите финални натпревари славеа победа. Лавиците на Бенкстаун Сити во дуелот со Вестерн НЈВ Маринерс славеа победа од 2–1. Резервниот тим на Лавиците победи против АПИА Лејкард Тајгерс со 2–1. Женската екипа под 17 години на Бенкстаун Сити славеше висока победа од 4–0 против Вестерн НЈВ Маринерс. И во четвртиот финален натпревар Лавиците под 13 години славеа шампионска титула со победа над Гладсвил Равенс од 3–0.
Честитки до управата и фудбалерите на клубот за победите во 4 финални средби од можни 5. Сигурно сега Бенкстаун Сити Лајонс со нетрпение ќе ја очекува следната натпреварувачка сезона.








