МИЛОШ ЗЕМАН ДЕНОВИВЕ ДОАЃА ВО ОФИЦИЈАЛНА ПОСЕТА НА МАКЕДОНИЈА
Чешкиот претседател Милош Земан во случај на зголемување на мигрантскиот бран за заштита на границите на земјата би ги ангажирал и пожарникарите, јави дописникот на МИА од Прага.
Бригадата на пожарникарите би требало да им помогне на припадниците на полицијата и армијата.
Земан додаде дека за граничната безбедност би требало да се грижат и членовите на активната резервна Армија.
Според чешкиот претседател, моментално мигрантите за движењето во Европа најчесто ги користат патиштата како и железничките пруги и така најчесто ги минуваат границите меѓу државите.
– Да се надеваме дека ќе ја зачуваат традицијата и ќе се движат само по тие правци.
Многу потешка би била ситуацијата кога би се ,,прекршила” таканаречената зелена граница, рече тој, назначувајќи дека постојат разни патишта преку шумите и нивите меѓу државите кои моментално не се контролираат.
Токму во тие случаи Земан би ги ангажирал покрај aрмијата, полицијата и пожарникарите.
Полицијата, минатата година во Чешка задржала 8.563 странци кои во земјата престојувале нелегално. Во споредба со 2014 година, бројката била за 3.741 луѓе поголема.
Во земјата најчесто нелегално престојувале сириски државјани, кои сочинувале околу една четвртина од вкупниот бој задржени.