Четири лица во четвртокот се ранети кога сиднејската полиција отвори оган врз еден вооружен маж во Вествилд шопинг центарот во Хорнсби, што се наоѓа во Сиднеј, соопшти полицијата.
Полицијата наведе дека ранети се мажот Џери Соуриан, 23, кој во рака држел нож и три жени на возраст меѓу 60 и 80 години.
Полицајците биле соочени со вооружениот маж кој бил избеган од психијатриски центар пред две недели и тогаш дошло до инцидентот, пренесоа австралиските медиуми. Сите повредени се погодени од пукањето кое следело потоа.
Претставникот на полицијата на Нов Јужен Велс, Денис Клифорд, соопшти дека полицијата била повикана во шопинг центарот во северно предградие на Сиднеј.
Полицајците му пришле на вооружениот маж и тогаш дошло до инцидентот.
Клифорд додаде дека било пријавено оти вооружениот маж исчезнал од блиската психијатриска установа и дека по него трага локалната полиција.
За инцидентот ќе биде отворена истрага дали полицајците можеле да користат електричен онеспособувач или пепер спреј.
