Четири лица се повредени од еден студент кој со безбол палка ги нападнал присутните во една од училниците на Австралискиот државен универзитет во Канбера.
Студентот е уапсен откако ги нападна својот професор и тројца свои колеги со безбол палка, во петокот во предавалната на Австралискиот национален универзитет, соопшти полицијата.
Кратко по 9 часот, студентот станал од своето место носејќи безбол палка и му се доближил на професорот пред класот, соопшти австралиската Федерална полиција. Другите студенти интервенирале и се обиделе да го спречат напаѓачот, но тој нападнал четири лица, вклучувајќи го и професорот. Тие се хоспитализирани со сериозни, но вон животно опасни повреди, со скршеници.
Картврајт ја пофали „неверојатната храброст на студентите кои го заштитија професорот”. За време на нападот, еден студент успеал да ја земе палката од напаѓачот и да побегне со неа, вели Картврајт.
Напаѓачот, 18-годишен, немал друго оружје со него, вели Картврајт. Тој не беше на радарот на полицијата ни разузнавачките агенции, а неговата мотивација е непозната. Тој сè уште не е обвинет за нападот и полицијата не го објави неговото име, пренесе АП.
Макс Клесенс, 18-годишен студент чиј пријател бил во предавалната, рече дека неговиот пријател му кажал дека напаѓачот чекал додека сите не се сместиле, пред ненадејно да извади крикет или безбол палка од торбата и почна да удира по луѓето. Напаѓачот бил студент по статистика четири недели, рече Клесенс.
„Еден од студентите, така случајно, од ведро небо, стана со палката, удри во двајца или тројца студенти, пред очигледно да отиде кон професорот”, рече Класенс.
„И секако луѓето беа во шок, па истрчаа да побараат помош пред момчето – кое не застануваше и малку беше луд, да бидам искрен – да биде совладан”.