Мјузиклот „Чикаго“ со три премиерни изведби во МНТ

Првиот лиценциран бродвејски мјузикл во Македонија, „Чикаго” во режија на Наташа Поплавска ќе има премиерна изведба на 28, 29 и 30 декември. 

Ова ќе биде втора грандиозна претстава за оваа година во Македонскиот народен театар, по изведбата на „Мајсторот и Маргарита” во режија на Иван Поповски.
Како што најави директорот на МНТ, Дејан Пројковски, во мјузиклот учество имаат околу 70 актери, а е копродукција на Македонскиот народен театар и на Македонската опера и балет.

Главните улоги ги толкуваат Арна Шијак (како Кетрин Зита-Џонс, за оние кои го гледале филмот) и Јелена Јованова како Рене Зелвегер), додека машкатаглавна улога му е доделена на Жарко Димоски ( како Ричард Гир)

Останати вести