ЕМИЛ ДИМИТРИЕВ ОД ПАРИЗ, НА 3. САМИТ ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН
Клучната порака од Парискиот Самит е дека ЕУ ја задржува политиката на отворени врати, а тоа е одличен сигнал за земјите од Западен Балкан, изјави премиерот Емил Димитриев по завршувањето на третиот Самит за Западен Балкан што се одржа во Париз под покровителство на францускиот претседател Франсоа Оланд.
– Ова беше одлична прилика и одличен сигнал. После Германија и Австрија, Франција го презеде претседавањето со самитот Западен Балкан. Главната порака од овој самит од земјите членки на ЕУ е дека Балканот и понатаму останува подрачје каде приоритетно е зачленувањето во ЕУ. ЕУ ја задржува политиката на отворени врати, рече Димитриев.
Тој нагласи дека на смитот биле искажани повеќе размислувања во трите сегменти кои што беа дискутирани на самиот Самит: миграциите, безбедноста и европската политика.
– На мое задоволство и на задоволство на сите граѓани многу често беше искажана благодарност кон Република Македонија за справување со кризата, посебно со квалификции дека Македонија европски се однесувала во делот на менаџирање на мигрантската криза. Исто така дискутиравме за сфери од областа на безбедноста за нашите аспирации во НАТО. Ја реафирмиравме нашата позииција дека наш врвен приоритет е членството во ЕУ. Како резулат од овој самит е потпишување договор за отворање на регионана канцеларија за млади. Еден од акцентите беше ставен на младите и на перспективата на младите во регионот. Така што се на се јас сум задоволен од дискусиите од темите и од заклучоците кои што произлегоа од овој самит, рече Димитриев.
Во однос на билатералните спорови, тој посочи дека тие и понатака остануваат пречка за зачленување во ЕУ.
– Нашата позиција тука е мошне јасна. Ние сме проактивни цело време во тој правец за да ги надминеме билатералните спорови, тука пред се мислам на спорот со нашиот јужен сосед за разликите со името и да најдеме заедничко прифатливо решение кое што би ги деблокирало нашите евроатлантски процеси. Така што билатералните спорови и понатаму остануваат нешто за кое ЕУ ќе продолжи да притиска за нивно решавање, рече премиерот Димитриев.
Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, кој беше во составот на делегацијата, истакна дека во однос на финансиските средства, она што се обидува ЕК да го направи е како стимуланс да даде грантови за конкретни проекти, но вели, потребо е паралелно со тие грантови државите да спроведат одреден сет на реформи, а и самата проектна документација да биде подготвена на соодветно ниво.
– Како што е познато, уште во Берлин првиот проект што реално и беше одoбрен и добива грант-средства од оваа програма е проектот каде што учествува и Република Македонија, а тоа се средства во износ од 12 милиони евра за изградба на далековод кон Албанија. Тој проект ќе почне да се реализира наскоро. Ние предлагавме и други проекти што засега не се влезени во агендата, но сепак средствата од грантот што е наменет за програмата за Западен Балкан се во многу мал износ алоцирани, рече Пешевски.
Тој оцени дека овој процес нема да заврши догодина во Рим, каде е следниот состанок, туку можеби ќе се провлече уште неколку години.
