ЦИА објави илјадници документи за Македонија

Американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) објави над 12 милиони тајни документи меѓу кои има и илјадници кои се однесуваат на Македонија и поранешна Југославија.

Какви биле плановите на поранешна Југославија за ослободување на Македонија по Втората светска војна, прашањето за Егејска Македонија, политичките констелации, индустријализацијата на Македонија и плановите за изградба на патишта, железарница и други капацитети, состојбата со малцинствата, тероризмот и што уште не (разводот на Тито од Јованка, на пример) биле предмет на интерес на американските разузнавачи.
Инаку, кога станува збор за светски рамки, ЦИА објави и документи кои се однесуваат на големи светски политичари, наоди за НЛО, испитувања на телепатски моќи и што уште не.
Целата документација за Македонија може да се најде на https://www.cia.gov/library/readingroom/search/site/macedonia.

Останати вести