Делови на Западна Австралија ги погоди циклон од втора категорија наречен Келвин. Тропската бура Келвин помина низ брегот на Западна Австралија во близна на Anna Plains Station околку 250 км јужно од Брум, категоризирана како бура од втора категорија.
Имотот на господинот Stoat кој вклучува и 20,000 животни ги преживеа ударите на силниот ветер кој носеше кровови, кршеше прозорци, корнеше дрва од корен. Штетата се проценува на околу $150,000. Во другите делови на регионот животите и домовите и понатаму се во опасност, а црвен аларм е објавен за жителите меѓу абориџинската заедница Bidyadand и Sandfire во областа Kimberley.
„Во опасност сте, реагирајте веднаш”, предупредува Одделот за заштита од пожари и други итни служби (DEFS). Жителите се предупредуваат да не излегуваат и да се заштитат во најсилните делови на своите домови или да одат во евакуациските центри, да се оддалечат од вратите и прозорците и со себе да имаат пакети за итни случаи. Жолт аларм објавен е за жителите меѓу Broome и Bidyadang, не вклучувајќи го Broome, како и меѓу Sandfire и Wallala, не вклучувајќи го Sandfire. Метеоролошкиот завод предупредува дека разорните ветрови со налети од 150 км на час се поверојатни во близна на центарот на циклонот кои се очекуваат да траат до доцна попладне, потоа циклонот постепено ќе слабее и ќе продолжи да се движи кон внатрешноста. Разорни ветрови од 100 км на час можно е да се задржат и откога циклонот ќе ослаби под интензитетот на тропски циклон. Многу обилни дождови веројатно ќе продолжат да паѓаат во најзападните области на Kimberley и најисточните обласи на Pilbarа, во текот на неделата. Broome имаше толку обилни дождови што вкупното годишно ниво на дожд сега е на 1647мм, што е за само 29,6мм помалку од рекордните 1496мм од 2000 година. Во меѓувреме за областите Wallal Downs и Pardoo е симнато предупредувањето од опасност. Иако заканата помина, луѓето се уште се предупредуваат да внимаваат и да избегнуваат опасности. Некои улици во областа Pilbara и Kimberley се затворени, а жителите се предупредуваат на опасност од поплави. Компанијата за водоснабдување Water Corporation исто така ги предупредува жителите да не пливаат или ловат риби во заливот Roebuck или Dampier Creek во Broome за своја заштита, но и поради големите поројни дождови.