Четворката од циркуската школа ги отфрли 69 обвиненија

Четворицата обвинети за наводно силување и мачење на тројца момчиња во циркуското школо во Нов Јужен Велс, велат „ние тоа не го направивме” и ветија борба против овие обвинувања.

Три жени и еден маж се соочуваат со 69 обвинувања поврзани со злоставување на момчиња помлади од осум години, а поврзани со школото од 2014 до 2016 година. Четворицата се обвинети и поврзани со циркуското школо во Katoombi околку 100 километри западно од центарот на Сиднеј во планините Blue Mountains. Обвинетите од септември минатата година биле свесни дека се спроведува полициска истрага. Ниту еден од нив во врска со ова не бил повикан на суд. Не е предадена молба за пуштање на слобода со кауција и сите четворица остануваат во притвор се до сослушувањето на 16 февруари. На сите им е одобрено да не им се објавуваат имињата и презимењата се додека News Corporation и другите медиуми не бидат согласни за одредбата за необјавување податоци. Полицијата тврди дека некои членови на групата злоставувањето го правеле како дел од „ритуал”. Циркуската школа нуди тренинг на сите старосни групи со жонглирање, велосипед во воздух, акробатика, возење уницикал и се опишува како „семејно и пријателско опкружување”. Детективите од Одделот за злоставување и сексуални злочини над деца, во јули минатата година основа работна група Baillie, со цел да се спроведе истрага за овие наводи. Како резулат на интензивната истрага полицијата уапси четири лицац во различни приватни домови во Katoombi, Cаnterburyj и Wentwortville. Уапсените лица се поврзуваат со циркуската група од планината Blue Mountain која се промовира како „локален циркус со сите способности”. На Интернет се фали со својата програма за голем распон на млади и нуди школарина за настава „еден на еден”. „Големината на класовите е помала од вообичаената, и токму поради тоа за време на наставата сме во можност за секој студент да имаме тренинг еден на еден” – пишува на нивната интернет страница. „Кон сите студенти се однесуваме како кон еднакви и секој од нив ќе се чувствува добродојден уште од првиот ден.” Жена на возраст од 58 години е обвинета за 43 злочини, вклучувајќи и сексуален напад на дете помладо од 10 годинин, сексуален однос со дете помладо од десет години и киднапирање. Според податоците на судот малолетниците побараа забрана за приближување на ова лице. На фејсбук страницата на циркусот, својот интернат го опишува како „малку хаотична и неуредна дневна соба во Katoombi. Мебелот е тргнат поради тренинзите за циркусот, прелети и паѓања. Процвета љубовта кон циркусот.” Се наведува дека школата „ги признава и слави сите различности на животот и создава поддржувачка околина за сите за да може да ја истражува циркуската уметност и нуди можност да се изучуваат и совладаат циркуските вештини во пријатна околина со циркуска забава и дисциплина.” Повикува нови членови да им се приклучат и со нив да тргнат на „необично циркуско патување.”

Останати вести