Вестерн Сиднеј Вондерерс повторно се врати на врвот на фудбалската А-лига на Австралија, откако го совлада на гости со 2-1 Централ Кост Маринерс, кој играше со 10 фудбалери од 79. минута.
Гостите заслужено први поведоа уште во 11 минута преку Марк Бриџ, кој воедно го прослави и својот 100-ти натпревар за екипата. Влегувањето на Луис Гарсија после еден час игра беше пресудно за изедначувањето на Маринерс, кога во 67. минута, Гарсија додаде извонредно и само неколку мига подоцна Фабио Фереира го постигна израмнувачкиот гол за 1-1.
Ситуацијата изгледаше изедначена на теренот, но црвениот картон за Монтгомери во завршницата им даде голема надмоќност на Вондерерс и во 88. минута Брендан Санталаб го постави конечниот резултат од 1-2.
Сумирањето за Маринерс е две грешки и црвен картон, еднакво на нула поени.