“Courage to Care“ ја започна програмата “Upstander“ за учениците

Скоро 30 години организацијата „Храброст за грижа” (Courage to Care) гордо води програми за ученици од средно училиште, едуцирајќи ги за опасностите од расизам, предрасуди и дискриминација.

Говорот на омраза и расното насилство се зголемуваат низ целиот свет и, загрижувачки, тоа расте и во Австралија. Тоа е пред нашиот куќен праг. Од собири на фашисти до насочени расни напади, невозможно е да се негира овој тренд. Затоа постои чувство дека ова е огромна и, на моменти, ненадминлива задача. Но, решението е јасно и секогаш било: ОБРАЗОВАНИЕ.
Со едукација на младата генерација за опасностите од расизам, предрасуди и нетолеранција можеме да создадеме свет на еднаквост. Обични луѓе кои зборуваат гласно, дејствуваат со храброст и создаваат вистински промени.
И несомнено е дека колку се помлади децата, толку ова влијание станува повлијателно.
Затоа “Храброст за грижа” сега започнува образовна програма специјално дизајнирана за ученици во 5, 6 и 7 одделение. Оваа нова програма, соодветна за возраста, веќе добива одлични повратни информации од наставниците. Што значи дека постои потреба, а побарувачката од училиштата низ државата се зголемува од ден на ден.
“Храброст за грижа” се надеваме дека ќе опфати повеќе од 8.000 ученици од основните и средните училишта до крајот на 2021 година. Како независна, универзална добротворна организација, “Храброст за грижа” бара донации за поддршка на оваа важна работа.
Може да дознаете повеќе за нашата дејност и да донирате на интернет страницата: couragetocare.org.au/home.
Вашите донации ќе помогнат да формираме поинклузивно и разбирливо општество. Така што ќе ја остави нетолеранција и омраза во минатото.

Останати вести