Католичката црква во Перт издаде привремена промена на својата постапка на светата причеста и нареди да се отстрани светата вода од употреба за да се спречи ширењето на коронавирусот.
Нафората на светата причеста исто така ќе им се дава во рака, а не на јазик, и ракувањето ќе биде изоставено.
„Сите свештеници кои делат света причеста мораат да ги измијат рацете со вода и сапун и треба да користат алкохолни дезинфекциски средства пред почетокот и по делењето на светата причеста” – рече бискупот Donald Sproxton во својата изјава.
„Парохијаните кои не се чувствуваат добро не треба да доаѓаат на миса и ги ослободуваме од редовните обврски”. Овие упатства се донесени врз темел на најновите совети за чување на здравјето и ќе останат на сила се додека не ги одповика надбискупот Timothy Costello.
Овие одлуки се донесени по новиот потврден случак на коронавирус во Западна Австралија. Една жена на возраст од 30 години која била на патување во Исланд и Лондон, а во Перт се вратила преку Дубаи. Државниот министер за здравство, Roger Cook објави каде се престојувала и се работи на пронаоѓање на лицата со кои била во контакт.
Главниот лекар на Западна Австралија, Andrew Robertson, вели дека лицето се наоѓа во самоизолација, дома, од првиот ден на појавата на симптомите кои се манифестирале по нејзиното доаѓање во Австралија.
„Ризикот од заболување за лица кои патувале со неа истиот ден е низок затоа што во тоа време пациентката немала симптоми. Нејзината состојба е стабилна” – вели д-р Robertson.
Уште два случаи на оваа болест во Западна Австралија исто така се импортирани. James Kwan (78) минатиот месец почина во болница во Перт откога со вирусот се заразил на бродот Diamond Princess. Воедно ова беше и првата смрт од оваа болест во Австралија.