Кога галијата „Вајда” потонала во 1717 година, однела со себе 144 живота. Меѓу починатите патници се наоѓал и Семјуел Белами, озогласениот пират, познат како Црниот Сем.
До својата 28 година Белами потопил 54 брода, а неговото мото било „Бори се паметно, повреди малкумина, освој многу”.
Трупот на бродот бил пронајден во 1984 година, недалеку од брегот на градот Велфлит во Масачусетс. Во 2017 година се откриени човечки посмртни останки во блиизна на пиштолот за кој се смета дека му припаѓал на Белами.
Научници од Универзитетот „Њу Хејвен” планираат да прават ДНК-анализа на останките, а резултатите ќе бидат споредени со ДНК-анализите на потомците на Белами.
Ако коските му припаѓаат на познатиот пират, тој ќе биде погребан во Англија, неговата родна земја.
Инаку, кога ја пронашле „Вајда” на неа имало четири тони злато и сребро.
Магазинот „Форбс” проценил дека вредноста на богатството на Белами изнесува околу 120 милиони долари.
Својот прекар, пак, Белами го добил затоа што одбивал да ги носи големите перики, кои биле во мода во тоа време, туку својата коса ја врзувал со сатенска црна марама.