Црното вино ги чува забите од кариес

Црното вино има голем број на фанови кои што секој ден се повеќе се изненадуваат од неговото дејство. Досега знаеме многу корисни, но и негативни страни на црното вино, но ова најново истражување спроведено во Шпанија дефинитивно сите ќе го засакаат.

Научниците од Шпанскиот национален истражувачки совет велат дека црното вино е одлично за орална хигиена, поради неговите состојки што го забавуваат растот на бактериите кои предизвикуваат кариес и на тој начин ги штити забите.
Истражувањата покажале дека луѓето кои што редовно конзумираат црно вино во нормални количини имаат многу поздрави заби за разлика од оние кои што не конзумираат. Ова е одлична вест поради тоа што кариесот и разните заболувања на непцата и губење на забите влијаат на околу 90% од светското население според некои проценки.
Црното вино нема целосно да ги убие овие бактерии кои што го создаваат кариесот, но ќе го намали нивното размножување и брзо ширење во усната шуплина, па оттаму може да се каже дека со редовна орална хигиена и конзумирање на црно вино вие ќе му кажете крај на кариесот.

Останати вести