Црвен каранфил за дамите

Минатиот понеделник Битолското пензионерско друштво со каранфили го прослави меѓународниот ден на жената со кој се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите.

Идејата за одбележување на посебен ден посветен на жените потекнува од почетокот на 20-от век, на иницијатива на социјалистичкото движење. Првиот Ден на жената бил одбележан на 28. февруари 1909 година во САД по иницијатива на Социјалистичката партија на Америка. Во 1910 година, под закрила на Втората интернационала во Копенхаген, била одржана Првата меѓународна конференција на жените, на која било одлучено да се прославува Меѓународен ден на жената, но не бил утврден точен датум. На 19 март 1911, празникот по прв пат е прославен од страна на повеќе од милион луѓе во Австрија, Данска, Германија и Швајцарија. На 8 март 1913 година жените ширум Европа одржале мировни собири.
8. март за прв пат бил прогласен за државен празник по победата на болшевиците во Русија, а по иницијатива на Александра Колонтај. На запад во 1920-тите одбележувањето на 8 март полека замре, а оживеа во 1960-тите заедно со растежот на феминизмот. Но, сепак, во ниту една западна земја 8 март не е прогласен за државен празник.

Останати вести