Црвено црните со шанса за промоција во Националната премиер лига

Во саботата, по одигрувањето на последниот натпревар во регуларниот дел од сезоната, Алтона Маџик Вардар одржа презентациона вечер за “Најдобриот и Најфер фудбалер”.

Релаксирани и во добро расположение шампионите за 2016 година го избраа Џејсон Хеин за најдобар и најфер фудбалер, на капитенот Славе Божиновски му се оддаде почит за неговиот придонес во тимот, а Мек Шејн е најдобриот стрелец.
Уште сега започнуваат подготовките за наредната сезона во 2017 година. Со амбиција да влезе во Националната Премиер лига Алтона Маџик Вардар бара квалификувани или желни да станат тренери за сите тимови од под 7 до под 18 години.
Тренерот Владо Тортевски, по успешната сезона, ни изјави дека за тоа е заслужна тимската работа и добрата атмосфера во клубот. Упати благодарност до претседателот на клубот, Игор Георгиевски и до сите спонзори кои оваа година можат да се радуваат со заслуженото прво место.
Претседателот Игор Георгиевски е задоволен од успехот и од целиот труд што се вложи за да се оформи овој успешен тим. Ова е поттик за сите како и за него за уште подобар настап следната година.
Дознаваме дека можноста за промоција се уште постои бидејќи екипите во Националната премиер лига – Баларат и Голбурн не се сигурни оти ќе можат финансиски да продолжат во оваа лига. Затоа е значајно да се добие и средбата оваа сабота што ќе се игра во 15:30 часот, во Окли против Морнингтон, кој е шампион од југо–источната страна. Да се собереме во што поголем број и да бидеме 12 играч за Алтона Маџик Вардар во решавачката средба за тоа кој е подобар од прваците во првата дивизија на Викторија.

Игор Георгиевски и Владо Тортевски покажаа како се создава шампионски тим

Останати вести