Прва државна лига на Викторија северо–запад, 6 коло
АЛТОНА МЕЏИК ВАРДАР – ПРЕСТОН МАКЕДОНИЈА 2:0 (1;0)
СИДНАМ ПАРК МАКЕДОНИЈА – ВЕСТГЕЈТ 0:1
Дербито помеѓу Алтона Меџик Вардар и Престон Македонија беше игра за гледачите.
Почетокот на средбата им припадна на гостите кои во првите 15 минути доминираа и создадоа една убава прилика што остана неискористена. Водството на домашните дојде преку голот на Гаспарис кој силно биеше, притоа топката го закачи гостинскиот играч Дафоски и отседна во мрежата на Линдберг- 1:0 за “магичните”.
Во вториот дел тренерот Тортевски внесе дури три нови играчи, меѓу кои и центарфорот Мек Шејн, гостите исто така не се предаваа, играа отворено, се надигруваа. По неколку пропуштени прилики, во 80 минута по една брза акција на домашните, Мек Шејн го проигра слободниот Хејн, кој рутинирано го совлада гостинскиот голман за 2:0.
Во наредното 7 коло ново македонско дерби, овојпат во Сиднам, каде Сиднам Македонија ја пречекува Алтона Меџик Вардар. Средбата се игра в сабота, на 14 мај, со почеток во 15 часот. Очекуваме и овде да се игра фер и коректно, па да победи фудбалот, како што беше во Алтона Норт.
Во сабота и Престон Македонија ќе игра во гости против екипата на Вестгејт со почеток во 15 часот.
Третиот наш претставник Сиднам Парк Македонија во саботата доживеа минимален пораз на домашен терен од Вестерн Сабрбс. Нашиот тим сега се наоѓа на третото место со еднаков број бодови но послаба гол разлика од Вестгејт ФК.